Бор бил прилично омилен и популарен меѓу своите сограѓани, па кога бил прогласен за добитник Карлсберг му подарува куќа до самата пивара. Најдоброто околу куќата било што имала славина за пиво, која била директно поврзана со резервоар во пиварата.
На страна тоа што Бор бил национална гордост, пиварата имала посебна пасија за наука која била дел од културата на компанијата. Тие уште во тоа време имале лабораторија посветена на развивање на подобро пиво. Во 1875-та оваа лабораторија била првата што го изолирала Saccharomyces pastorianus, вид на квасец кој се користи за производството на светли пива. Лабораторијата исто така имала одредени откритија во хемијата на протеините кои денес имаат голем број употреби.
Освен пивото, Бор и Карлсберг соработувале на формирањето на Институтот за теоретска физика. Во рок од една деценија, институтот ги поставил основите на квантната механика и некои од нејзините клучни принципи.
Иако на ниту еден начин докажано, урбаната легенда е дека токму тоа што Бор бил постојано пијан (од славината дома) е основната како тој дошол до квантната механика. Како што подоцна ќе покажат неколку студии, алкохолот помага во подобрување на креативноста, предност што Бор ја имал во однос на Ајнштајн, кој целосно се противел на идејата за квантна механика.