Не така финиот Црвен крст

26 центи од секој дониран долар во американскиот Црвен Крст одат на трошоци за собирање средства, а откако доларот ќе влезе во организацијата, од останатите 74 центи се одбиваат и дополнителни трошоци за "менаџмент и општо." Ова е спротивно од се што до сега го зборуваше ЦЕО-то на организацијата Геил МекГоверн.

Во своите говори МекГовер повеќе пати повторува дека 91% од парите што ги добива американскиот Црвен Крст завршуваат во добротворни цели. Ова го побива истрагата на ПроПублика и НПР, по што Црвениот крст ја менува формулацијата.

"Најголемиот дел од времето Црвениот крст ја зема донираната крв и им ја продава на провајдерите на здравствена грижа. Од над 3 милијарди долари кои Црвениот крст ги потроши минатата година, две-третини не беа потрошени на помош за катастрофи, туку на нивниот бизнис со крв.

Организацијата на бизнисот троши 2,2 милијарди долари, од кои најголемиот дел одат за плати и бенефиции на вработените. За споредба, тие потрошија 467 милиони долари, или 14% од сите потрошени пари, на познатите домашни програми за природни катастрофи, вклучувајќи ја и Сенди," се објаснува во истрагата.

Друг проблем со бројките на Црвениот крст е нивниот извештај за помошта по ураганот Сенди, каде организацијата наводно послужила 17,5 милиони оброци и ужинки. Овие бројки се официјално дадени и на њујоршкиот главен јавен обвинител. На ова се чудат повеќе сегашни и поранешни вработени и волонтери. Според нивните сведоштва Црвениот крст за време на големите катастрофи ги брои оброците кои се подготвени како оброци кои се поделени, меѓутоа клучната разлика е во тоа што најголемиот дел од оброците кои се подготвени на крај не се служат, туку се фрлаат заради лошо планирање и хаосот кој владее по катастрофите

6 декември 2014 - 16:07