Крадец: како не треба

За пациент е крајно глупо да му го украдеш мобилниот додека тој лежи во болница. За крадецот е уште поглупо ако пациентот бил болен од ебола.

Локалниот весник од Уганда, Дејли Монитор ја објавува сторијата за крадецот кој провалил во одделот за карантин во Кагади болницата во Уганда.

"Осомничениот влегол на одделот без да го забележат болничките стражари. Тој бил пријавен од еден пациент, кој во меѓувреме починал од хеморагична треска, по што започнала потерата по него," пишува Дејли Монитор.

Кога полицијата го открила крадецот, тој веќе имал почетни симптоми на ебола. Во болница тој признал дека го украл мобилниот.

Од болницата не можат да објаснат дали крадецот се заразил од користење на телефонот на пациентот или од тоа што незаштитен бил на одделот под карантин.

27 август 2012 - 18:24