Скулптурата која треба да одбележи 1,000 години од смртта на првиот христијански владетел на раната словенска држава Рус, која се смета за претходник на модерна Русија, ќе биде издигната на тн. Врапчешки ридови во Москва. Но одлуката е донесена без јавна консултација, па така нејзиното поставување во ноември засега е неизвесно.
Владимир, кој дошол на власт во Киев откако го убил брат му Јарополк, бил хедонист со неколку жени и стотици љубовници. Се верува дека го прифатил православното христијанство во 988 година, што се смета како основа на словенската христијанска култура.
„Може да дискутираме за историските улоги на Иван Грозни или Сталин па дури и на Петар Велики, но во случајот со кнез Владимир, тој е без сомневање позитивна фигура", изјавил скулпторот кој го изработува споменикот, Салават Шчербаков.
Но дури и да е така, негова престолнина била Киев, а не Москва. Во Украина претседателот Порошенко потпишал декрет во кој се вели дека во 2015 ќе се прослави 1000 годишнината од смртта на „основачот на Рус-Украина". Така, поставувањето на скулптурата во главниот град на Русија се толкува како порака на оној во Украина, дека Владимир, кој патем е и светец, е „наш, а не ваш".
Но локацијата е спорна и во сама Москва, бидејќи иако тој (Владимир) ќе има супер панорамски поглед кон градот, неговите граѓани нема да уживаат подеднакво дење-ноќе гледајќи во неговата статуа. Руските медиуми веќе сугерираат алтернативни места за нејзино поставување. Според скулпторот тоа и не е толку важно колку неговото дело да најде свој дом некаде во главниот град.
„Тоа е како Џорџ Вашингтон за Американците", изјавил тој. „Сите земји си имаат историски личности, и тие мора да се почитуваат.
Посебно ако има добар буџет за изработка на нејзин споменик.