Долгата македонска традиција вели дека со закројувањето на лозите родот ќе биде богат и ќе се произведе добро вино. Токму затоа, по повод празникот Св. Трифун, заштитникот на вината и винарите, се одржа споменатото традиционално закројување лозови насади.
„14 февруари кај нас во винаријата Стоби, како и во целиот Тиквешки регион се слави празникот „Св.Трифун" посветен на светецот заштитник на лозјата и градините. Денеска се посакуваат добро здравје и богат род на лозјата. Така и ние, по петти пат по ред се радуваме на почетокот на новата сезона и верни на традицијата и обичаите, закроивме три лози со благословот „Дај Боже бериќет" – истакна Ана Јорданова, член на надзорниот одбор на винарија Стоби.
Гостите на овој настан имаа и прилика да ја разгледаат целата винарија Стоби низ турата организирана од домаќините, а и секако да уживаат во високо квалитетните вина. За атмосферата и доброто расположение се погрижија Дани, Летечки Пекинезери и DJ Џон Антонио.
„Претходната година, иако беше исполнета со предизвици, од аспект на родност на виновата лоза, сепак Стоби винарија, благодарение на напредната технологија, искуството и знаењето од енолошки аспект, успеа да постигне одлични резултати. Го зголемивме пазарниот удел на домашниот пазар, зацврстувајќи ги нашите позиции, но истовремено и се проширивме на нови пазари. Сега сме присутни во над 20 земји ширум светот. Освоивме значајни признанија и награди на бројни натпревари, меѓу кои и на најпрестижните како „Мундус Вини" и „Декантер" – изјави Дане Јованов, директор на винаријата Стоби.
(комерцијален текст)