Се одржа традиционалниот новогодишен базар на Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“

Во петокот (23.12) се одржа традиционалниот новогодишен базар на училиштето за деца со посебни потреби „Д-р Златан Сремец“ под мотото „Ден за насмевки“, оваа година помогнат од Direct Media Skopje и Ramstore Mall.

На настанот беа изложени прекрасни ракотворби со новогодишен мотив изработени од учениците - честитки, украси како и многу вкусни новогодишни колачиња. Материјалите, што им беа потребни на вредните деца за ракотворбите, ги обезбеди Direct Media, додека Ramstore Mall отстапи изложбен простор во детското катче на трговскиот центар.

Целта на овој добротворен настан беше да се подигне свеста за потребите и предизвиците со кои се соочуваат овие деца и нивните семејства. Големата посетеност во целост ги оправда очекувањата. И навистина беше ден за насмевки, како за посетителите така и за учениците.

(комерцијален текст)

27 декември 2016 - 10:50