По листата објавена од Меѓународната организација на трудот (МОТ) на О.Н., просечната месечна плата во Македонија е 1.345 долари, или 235 долари помалку од светскиот просек.
Пред да ја побарате разликата од околу 1.000 долари месечно од МОТ, да ја објасниме математиката зад просекот:
Просечната плата на листата е изразена во PPP (Purchasing Power Parity) долари, кои покажуваат колку би чинело во САД да се купат еквивалентните производи и услуги што локално ги купуваш со својата плата.
"Ако некој во Кина зема плата од 1.500 јуани месечно, во банка за тие пари ќе добие 200 долари. Но, ние не го пресметуваме тоа. Важно е што можат луѓето да купат со овие 1.500 јуани. Тоа го споредуваме со куповната моќ на американскиот долар и добиваме дека 1.500 јуани се еквивалент на околу 400 долари," објаснува економистот на МОТ, Патрик Белсер.
Инаку, од комшилукот пред нас се Грција, Хрватска и Турција, а ние сме пред БиХ, Србија и Бугарија. Албанија, Словенија и Црна Гора ги нема на листата.
МОТ просечната светска плата ја пресметува од податоците за 72 држави и според нивната математика таа изнесува 1.480 долари месечно.