Како домот во кој живеете го чува здравјето на Вашите најмили?

Купувањето стан е една од најважните одлуки на секое семејство. Кога го правите изборот претпоставуваме дека сакате тој дом да биде сигурен, цврст, безбеден и секако – да трае.

Во време кога изборот е навистина голем, тешко е да знаете кому да верувате и кому да го доверите своето и здравјето на Вашето семејство. Велиме здравје, бидејќи денес на пазарот се нудат најразлични материјали за градба, па во зависност од изборот на градежната фирма исходот може да биде најразличен. За да поедноставиме, заедно со тимот на Голден Арт – компанија со долгогодишно искуство во земјата и странство, разговаравме околу четири важни аспекти на секојдневниот живот кои многу влијаат на здравјето на човекот.

Како прва и најважна, одлучивме да почнеме со водата, за чија намена и употреба сме и повеќе од свесни. Македонија е една од ретките земји кои сè уште имаат питка вода од водоводот и таа има предност пред водата од супермаркет поради фосфатите како есенцијални минерали потребни за организмот. Но, сте размислиле ли колку цевките низ кои таа минува влијаат на нејзиниот квалитет? Во Голден Арт се имплементира водоводниот систем од реномираниот светски производител REHAU RAUTITAN кој ни гарантира најголем квалитет максимална заштита како и безбедност и сигурност за водата од аспект на биолошки и хемиски состав.

Вториот важен аспект на вашиот стан е ѕидот. Сте ги виделе ли оние траги на ѕидот со најразлични нијанси на зелено, жолто и сиво? Повеќето од нас ги занемаруваат со изговор дека се работи само за влага, но токму влагата е совршена подолога за она што навистина се случува зад вашите ормари и кревети. Се работи за габи и паразити кои растат и живеат на местата во кои има влага и погодна температура, а предизвикуваат најразлични проблеми со здравјето меѓу кои и астма. Животот со цимери е убав, но вакви цимери никому не му требаат. Затоа Голден Арт користи само најквалитетна изолација која е тестирана и докажано функционира.

Уште еден важен детал на кој Голден Арт обрнува внимание е воздухот во домот. Покрај влагата, на него влијаат и штетните честички кои често доаѓаат и од материјалите за градба. Затоа, во становите кои ги гради оваа компанија се употребува само најквалитетен гипс, еколошка боја за ѕидови, дрвени подови и bio-friendly бетон и малтер.

За крај, но не и помалку важен – тука е стресот. Без гореспоменатите проблеми, Вашиот живот ќе биде многу полесен. Додајте ги на тоа и звучната изолација, совршената естетика и енергетската ефикасност – се чини дека Голден Арт ја пронашле формулата за идеален дом.
За повеќе детали посетете ја веб страницата на Голден Арт и дознајте повеќе за нивната понуда или едноставно добијте совете и практички решенија за уредувањето на Вашиот дом.

(комерцијален текст)

11 февруари 2016 - 09:13