Имаш ли жичка за музика?

Охридска банка Сосиете Женерал го отвара првиот конкурс во рамките на ОБСГ Клубот на таленти, “Имаш ли жичка за музика”, наменет за млади инструменталисти.

Во рамки на годишната стратегија за општествена одговорност, Охридска банка Сосиете Женерал веќе ја најави својата платформа за општествена одговорност наречена, ОБСГ Клуб на таленти, која ќе има за цел да пронаоѓа млади, амбициозни и талентирани лица во различни области и истите финансиски да ги поддржува, „Имаш ли жичка за музика?“ е првиот конкурс од оваа платформа кој во наредните месеци ќе биде во потрага по млади и талентирани инструменталисти.

На Конкурсот „Имаш ли жичка за музика?“ кој ќе биде отворен до 30 септември 2018 година, можат да аплицираат сите заинтересирани млади инструменталисти на возраст од 14 до18 години, односно родени во периодот 2000 ‒ 2004 година. Инструменти што се земаат во предвид на Конкурсот се: клавир, хармоника, виолина, виолончело, виола, гитара, контрабас, хорна, харфа, обоа, кларинет, флејта, труба, фагот, саксофон,тромбон.

Аплицирањето се врши онлајн, на веб страницата www.obsgklubnatalenti.mk во делот Аплицирање, каде треба да се пополнат неколку прашања и да се испрати линк од настап на апликантот. Конкурсот „Имаш ли жичка за музика?“ е отворен за апликации од денес, вторник (17 јули, 2018), сè до 30 септември 2018, 23:59ч.

Повеќе информации на www.obsgklubnatalenti.mk

(комерцијален текст)

17 јули 2018 - 15:04