„Топлото време ја зголемува фрекфентноста на луѓето низ градот, па кога се размислувавме што убаво би можеле да им подариме на скопјани мислата не однесе до школката во Градскиот парк каде на големи јастуци со пуканки во рака луѓето ќе уживаат во интересната понуда на филмови под ведро небо. Се потрудивме репертоарот да биде разновиден и да ги задоволи различните вкусови и возрасти, па така очекувајте романтика, акција, драма и анимирани филмови за најмалите“, вели Соња Јовановска, раководител на служба за поддршка на продажба, од Сава осигурување.
За отворањето на овој летен филмски фестивал најавена е американската драма „Still Alice“ (2014), во режија на Ричард Глејцер (Richard Glatzer) и Волш Вестморланд (Wash Westmoreland). Главните улоги ги толкуваат Џулиен Мур (Julianne Moore) и Алек Болдвин (Alec Baldwin).
Проекциите се со слободен влез, а за гледачите Сава Осигурување, како домаќин, следењето на филмските проекции ќе го зачини со пуканки, вино и други освежителни пијалоци. Репертоарот на проекциите и сите случувања поврзани со „Сава летнотo кино“ ќе можете да ги следите на фејсбук страницата: https://www.facebook.com/sava.mk/?fref=ts каде ќе ве чекаат подароци и изненадувања.
Веќе 10 години по ред Сава Осигурување како дел од групацијата „Сава Ре“, Љубљана се грижи за сигурноста и безбедноста на своите клиенти и како дел од заедницата во која работи тие се свесни за потребата и важноста да се подобруваат општествените услови во кои жувееме и да се вложува во оддржување и градење на вистинските вредности.
За повеќе информации во врска со нивните понуди и осигурувања можете да ја посетите нивнaта веб страница https://mk.sava.insure/
(комерцијален текст)