Најлошите идеи за пасворд според Гугл

Ако имате милениче и неговото име го ставите за пасворд (дури и во комбинација со 1 или 12), Гугл сака да ви каже дека не ви се они виновни што ве хакнале.

Во анализа на корисниците (не со читање на нивните пасворди) Гугл Апс прашува по кој метод тие решаваат да го одберат пасвордот. Трагичниот заклучок е дека најголем дел од луѓето за пасворд користат веќе достапни информации (имиња, презимиња информации од нивниот живот).

Топ 10 листата е:

- имиња на миленичиња
- важни датуми, како годишнина од свадба
- роденден на член од семејство
- името на твоето дете
- името на член од семејството
- местото на раѓање
- омилениот празник
- нешто поврзано со твојот омилен спортски тим
- името на вашиот партнер
- зборот "password"

Проблемот е што најголемиот дел од овие информации им се речиси на сите достапни преку Фејсбук, само некој треба да се помачи за да ја најде правата комбинација.

Продолжувајќи со лошите навики, речиси 50% од испитаниците изјавиле дека својот пасворд го имаат кажано на други, додека 3% ја запишале лозинката на хартија и ја залепиле на компјутерот.

 

9 август 2013 - 14:28