Од Конференс борд, организацијата која го води индексот, објаснуваат дека јунските бројки покажуваат дека економската активност ќе продолжи да се намалува и во претстојните месеци.
Како фактори што придонесуваат за тоа тие наведуваат зголемени цени, постегната фискална политика, потешко добивање кредит и намалена владина потрошувачка.
Во првите шест месеци од годинава индексот паднал за 4,2 проценти, додека меѓу јуни и декември 2022, падот бил само 3,8%.
Бордот имаше претходно предвидување, кое го повлече, дека американската економија ќе влезе во рецесија во сегашниот трет квартал и таа ќе трае до првиот квартал на 2024.