Сите процеси се контролирани од еден централен компјутер, магацинот е автоматизиран, работните задачи ги извршуваат роботи, а целиот транспорт на делови и суровини гo вршат автономни возила. Најголемиот дел од вработените луѓе се од техничкиот персонал кои вршат надзор над целиот систем и производството.
Фабриката е на Чангјинг Пресижн Технолоџи компани која произведува модули за мобилни телефони. Во конкретната фабрика работат 60 роботски раце на 10 производни ленти, и дење и ноќе.
Секоја лента има по тројца луѓе чија задача е само да го надгледуваат производството. Пред неколку месеци, истиот овој производен процес, ама со човечка работна сила, вклучуваше 650 работници. Една роботска рака заменува 6 до 8 работници. Моментално за целата операција се потребни 60 луѓе, кои во иднина треба да бидат намалени на 20.
Што се однесува до ексел делот од проектот, од поставувањето на роботите стапката дефекти паднала од 25 на 5 проценти, а производството по работник се зголемило од 8.000 парчиња месечно на 21.000 парчиња.
Фабриката е сместена во еден од најиндустриските градови во Кина, Донггуан, каде има и официјална програма за воведување на 1.000 до 1.500 роботски работни позиции до 2016-та.