За првата половина од оваа година Зинга пријави загуба од 108 милиони долари. Истиот пердио лани имаше чиста добивак од 18 милиони.
Објавувањето на поразителните резултати веднаш предизвика пад и на акциите на Фејсбук бидејќи цели 15 процеднти од добивките на компанијата на Закерберг доаѓаат од игрите на Зинга, првенствено од глобално популарната Фармвил.
Ваквите бројки во Зинга ги објаснуваат со одложувањето на лансирањата на нови игри и неочекувано брзиот пад на популарноста на постоечките.
Исто така, Зинга е разочарана и од својата минатогодишна купуванка на апликацијата за социјално цртање "Draw Something" за која испружи 200 милиони долари.