Со рамноправноста се претера

По жестоките реакции од јавноста, вклучувајќи ја и самата ЛГБТ популација, организаторите на Загреб Прајд го повлекоа спотот во кој наместо рамноправност, се промовира спалување на хетеросексуалци.

Еден од првите кој реагирал бил новинарот и теолог Драго Пилсел кој важи за еден од најискрените активисти за правата на ЛГБТ лицата. Тој спотот го пријавил и кај Омбудсманот за деца, бидејќи смета дека без разлика на дозволата на родителите, детето од спотот е злоупотребено во кампања која е чиста агресија.

Според него," спотот воопшто не промовира рамноправност или толерантност туку праќа порака дека хетеросексуалните двојки се штетни па заслужуваат да се најдат во пламен кој голта хетеросексуалци."

Со исти поенти реагираа и членови на ЛГБТ заедницата по што нарачателот го повлече спотот со извинување дека не им била намерата никого да дискриминираат ниту омаловажат.

13 јуни 2012 - 13:17