Последниот број треба да излезе на ден пред изборите во Грција, а на него ќе работат 120 новинари и луѓе од продукцијата. Изданието ќе има 80 страни и се надеваат дека ќе продадат барем 50.000 примероци (по 1,3 евра).
"Ова е нашиот последен обид. Сакаме да и испратиме порака на јавноста, на пазарот и на нашите сопственици дека уште сме тука и дека уште можеме да правиме многу добар весник, што многу луѓе ќе сакаат да го купат," порача Христос Зервас, новинар во Елефтеротипија.
Причините за затворање на весникот се движат во распон од глобалниот пад на профитабилноста на весниците, до погрешни одлуки на менаџерите и политичката неподобност на весникот кај последната влада.
Самите новинари знаат дека последниот број нема сериозно да им ја промени ситуацијата. 40-на од нив веќе работат на нов онлајн проект, за кој веруваат дека ќе биде почеток на новата Елефтеротипија. Пред затворањето, страната на Елефтеротипија беше најпосетуваниот сајт во Грција.
Оригиналниот весник е основан во 1974-та после падот на диктатурата во Грција. Од основањето па некаде до 80-те, негови сопственици се новинарите кои работат во него, а самото име на весникот значи "слобода на печатот."