Производот е наменет за Компании кои сакаат своите вработени да ги заштитат од ризиците на секојдневието и да ги осигуруваат од ризикот смрт од болест. Освен за вработените, осигурувањето може да се склучи и за членови на нивните семејства.
Придобивка на овој производ е важноста на осигурувањето и при настанување на штетен настан како последица на Ковид 19.
Полисата е се рок на важност од минимум една година и истиот се продолжува за секоја наредна година.
„Како Компанија која динамично ги следи промените и потребите на пазарот, креиравме производ кој е наменет за заштита на секој вработен, во секоја компанија, а меѓу другите карактеристики, има социјална компонента на одговорност на секој работодавач кон своите вработени и членовите на нивните семејства. Ризикот кој го покрива неретко е на врвот на штетни настани во доменот на незадолжителните осигурувања, токму затоа верувам дека ќе биде нашироко прифатен. Триглав Осигурување Живот и понатаму останува верен партнер на македонските граѓани при индивидуално животно осигурување а со овој производ верувам дека ќе се доближиме и до секој работодавач, обезбедувајќи достапен и корисен производ “ - кусо изјави Вилма Учета Дузлевска, Извршен Директор на Триглав осигурување Живот АД Скопје.
(Комерцијален текст)