Таг: сп катар 2022

Панчев: Неопходна е промена во балканскиот менталитет, Пикси треба да остане уште најмалку 4-5 години

„Никако да не фрламе дрва и камења по тимот, на работата на тимот. Зарем секоја втора година ќе го менуваме селекторот? Сè она што се случи во Катар, ќе има прилика да се поправи и да оди во историјата. Капацитетот на Србија на СП беше значително поголем од она што беше демонстриран“.

Мирко Филиповиќ прв го најави дуелот Јапонија - Хрватска


Денес на Светското првенство се играат осминафиналните дуели Јапонија - Хрватска и Бразил - Јужна Кореја. Првиот дуел е од 16, вториот од 20 часот. Мечот на „коцкестите“ го најави нивниот најголем син, Мирко Крокоп Филиповиќ со еден јапонски новинар.

Кои се најважни рекорди на сите Светски првенства?

Во натпревар од 1/8 финале против Полска, Килијан Мбапе направи шоу: му асистираше на Жиру, а во вториот дел даде и два убави гола, со што стана прв фудбалер кој постигнал 9 гола на Светски првенства до 24 години.

Го избркаа од Светско, ама пак си најде друштво за фудбал

Првиот голман на Камерун, Андре Онана имаше неславен престој во Катар. Бранеше во првото коло против Швајцарија, а потоа поради несогласувања со селекторот беше отстранет од репрезентацијата. Но голманот на Интер се најде со другарите од маало.

Културен навивачки аргентински рецепт против нервозен Австралиец

Водиш 2:0, ги елиминираш од Светско, навиваш, не се закачаш и уште толку го дотепуваш.

Статистика на ФИФА за Меси и Роналдо која нема да му се допадне на Португалецот

Лионел Меси ја реши Австралија во осминафиналето на Мундијалот во Катар и стигна до јубилејни 1.000 настапи во кариерата. За ФИФА тоа беше добар повод да го спореди учинокот на двајцата кој оди целосно на страна на аргентинскиот ас. Води со 64 гола повеќе, 132 асистенции и 10 трофеи.

Зицерот на Сенегал и ракометарската одбрана на Пикфорд

Англија го доби убедливо Сенегал со 3:0, но во првото полувреме ризикуваше многу во одбрана. Сенегалците испуштија голема шанса за гол за да го направат осминафиналето повозбудливо, а во втората прилика Пикфорд реагираше маестрално.

Англија го збриша Сенегал, но го чека пеколно четвртфинале против светскиот шампион

Сè оди според планот кај фаворитите на досегашните осминафинални мундијалски средби. За сега имаме два празника во топ 8: Холандија - Аргентина и Англија - Франција. Хендерсон, Кејн и Сака му кажаа на Сенегал дека нема што да бара против големиот фаворит.

100% шанса на Зјелински и драмата пред голот на Франција

Франција поведе во првото полувреме со голот на Жиру во 44 минута, но седум минути порано многу лесно можеше да биде обратно. Пољаците ја испуштија најубавата шанса откако одличниот Уго Лорис му го скроти ударот на Зјелински по што висеше неговиот гол.

Франција лесно ја суреди Полска и ја испрати дома

По Холандија и Аргентина, Франција е третиот четвртфиналист во Катар кој со 3:1 очекувано и моќно славеше над Полска. Жиру со 52 гола стана најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација со што го мина Анри, а Мбапе најмлад стрелец кој со 9 гола на Мундијалите го сруши рекордот на Пеле.

Кој со кого се падна во нокаут фаза и како вкрстуваат во четвртфинале?

Гледаме лудо и неизвесно Светско првенство во кое тешко е да се апсорбира секоја сензација и изненадување, бидејќи 24 часа после една, се појавува друга. Што ли ќе се случува понатаму?

Славјето на Корејците од соблекувална до хотел

Иако делуваше невозмошно Корејците да ја совладаат Португалија за да одат во осминафинале, сепак на овој Мундијал гледаме дека нема ништо невозможно. Погледнете ги овие радосни лица на играчите, навивачите, па сè до куварите на селекцијата на Јужна Кореја.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостин Вујадин Станојковиќ

Во новата епизода на подкастот „Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостува Вујадин Станојковиќ, еден од тројцата Македонци кои заиграле на Светско првенство. Популарниот Вујо зборува за настапите на Србија и Хрватска, можните епилози од нокаут фазата, како и за настапите на Југославија на Светските првенства.

ФИФА објасни зошто голот на Јапонија е регуларен

После сите дилеми и сомнежи, сензацијата на Јапонија над Шпанија е целосно чиста и регуларна. ФИФА се изјасни со соопштение, поткрепено со видео и фотографии.

Заврши Мундијалот за Србија

Селекцијата на Србија капитулираше на најважниот меч на Светското преку кој бркаа осминафинале. Швајцарија слави со 3:2 во драматичен меч со два пресврти и многу искри. Митровиќ и Влаховиќ му одговорија на Шаќири за брзото водство, но слабата српска одбрана немаше одговор за Емболо и Фројлер. А што направи Камерун? Го победи Бразил за лична сатисфакција со погодокот на Абубакар во 92-ра минута.

Бесот на Кавани и реакцијата на Суарез кога Корејците дадоа гол

Уругвај одигра доминантен натпревар и заслужено ја совлада Гана со 2:0, резултат на кој одеа за да се пласираат во осминафиналето. Но ова е Мундијал со секојдневни чуда, а последното го направија Корејците кои неочекувано направија сензација против Португалија и стигнаа до нокаут фаза. Луис Суарез не можеше да поверува на голот на Кореа во 91-ва минута, а Кавани му се истури на тв екранот на кој судијата гледа ВАР.

Корејското лудило од навивачки агол

Јуначкиот гол на Хванг Хе Чан на асистенција на Сон во 91-ва минута за победа во против Португалија вредна осминафинале и за делириум на трибините.

Моментот додека играчите и навивачите на Кореа го гледаа Уругвај на мобилни

Јужна Кореја ја победи Португалија 2:1 со гол во 91-ва минута и чекаше да заврши мечот Уругвај - Гана 2:0 за да се радува. Ако Уругвајците постигнеа трет гол ќе одеа понатаму поради подобра гол разлика.

Нов Мундијалски трилер: Додека Уругвај беше пред славје за осминафинале, Јужна Кореа ги попари со сензација над Португалија во 91 минута

Гледаме лудо Светско првенство за сите пари со невидени драматични разврски во третото коло во речиси секоја група. Селекцијата на Уругвај ја обезбеди потребната победа над Гана за пласман во нокаут фаза, но за ново лудачко сценарио се погрижи Јужна Кореја која со пресврт во судиско продолжение ја сруши Португалија и поради повеќе голови од Уругвајците завршува втора.  

Милиметарот кој и заврши голема работа на Јапонија

Тешка драмолетка се случи синоќа во Е групата во која во еден момент, освен Јапонија и Костарика имаше резултат за пласман во нокаут фаза. Голот на Јапонците крена бура од реакции во цел свет. И со право. Требаше да ја покажат ВАР снимката во пренос.

А царот што снимал дома со лајсната како гол линија?

Џејмс Шарп е новинар во Дејли Мејл кој дома направил кратко клипче како демонстрација за специфичниот случај на мечот Германија - Јапонија.

Невозможните зицери на Лукаку поради кого Белгија оди дома

Во директен дуел за пласман во следната фаза, Белгија и Хрватска одиграа 0-0 во последно коло од групата Г, после што Хрватите одат понатаму, а Белгија отпадна.