Заврши Мундијалот за Србија

Селекцијата на Србија капитулираше на најважниот меч на Светското преку кој бркаа осминафинале. Швајцарија слави со 3:2 во драматичен меч со два пресврти и многу искри. Митровиќ и Влаховиќ му одговорија на Шаќири за брзото водство, но слабата српска одбрана немаше одговор за Емболо и Фројлер. А што направи Камерун? Го победи Бразил за лична сатисфакција со погодокот на Абубакар во 92-ра минута.

СРБИЈА - ШВАЈЦАРИЈА 2:3

20 минута - Шаќири 0:1

26 минута - Митровиќ 1:1

35 минута - Влаховиќ 2:1

44 минута - Емболо 2:2

48 минута - Фројлер 2:3

КАМЕРУН - БРАЗИЛ 1:0

92 минута - Абубакар

ТАБЕЛА
1.Бразил 6
2.Швајцарија 6

3.Камерун 4
4.Србија 1

Во осминафинале Бразил ќе игра со Јужна Кореа, а Швајцарија со Португалија.

2 декември 2022 - 20:58