Таг: самсунг

Зошто Самсунг се откажа од Галакси ноут 7 смартфонот?

Да, се откажа затоа што смартфонот експлодираше и правеше пожари, ама проблемот е што ни Самсунг уште не знаат (или не кажуваат) зошто се случува ова бидејќи се покажа дека не е до батеријата.

Каква е врската меѓу Епл, Самсунг и лажичките?

Дизајнерскиот спор меѓу Епл и Самсунг околу изгледот на нивните смартфони го врати Врховниот суд 120 години назад во историјата, кога решаваше за случен случај: дали една лажичка е иста со друга лажичка.

Епл само што го позлати Самсунг

Откако неколку години флертуваше со други производители (Тајван Семикондуктор Мануфактуринг), годинава Епл легна на брашното и потпиша договор според кој од 2016-та Самсунг ќе ги произведува чиповите за сите идни Ајфони и Ајпади. До сега Самсунг сериозно крвавеше заради заминувањето на Епл.

Микрософт е жив ќар од успехот на Самсунг

Годишно Микрософт од Самсунг заработува повеќе пари отколку што му носaт Скајп, Виндоус телефонот и ИксБокс, заедно. Се на се, околу 1 милијарда долари им се од Самсунг.

Ребрендирањето на Самсунг што не го побараа

Дизајнер не може да поднесе што се случува моментално со брендот на Самсунг, по основа дека: логото е премногу пласитчно, на предниот дел од уредните го пишува името на брендот (што според него треба да се забрани), се користат три различни фонтови, грдо е, итн... Се вика Азиз Фират и тој вака го замислува Самсунг.

Од бојното поле Епл - Самсунг

Битката меѓу технолошките гиганти почнува да наликува на бескрајниот израелско- палестински конфликт. Има два нови интересни момента: а) Епл направи дупка во бизнисот на Самсунг вредна речиси една милијарда долари и б) Завојуваните страни прогласија примирје надвор од САД.

Како Самсунг фати селфи со Обама

За време на приемот на Бостон Ред Сокс во Белата куќа (по повод освојувањето на титулата во бејзбол), капитенот Дејвид Ортиз го фаќа Обама и прави селфи со него. Како и на Оскарите и ова селфи е направено со Самсунг Галакси Ноут 3. Само овој пат не е толку планирано.

На спортот не му е гајле

"Идеолошки" е сличен на спотот на Проктер и Гембл за мајките на Параолимпијците, само што овој наместо мајки ги има луѓето што ќе се појават на Параолимпијадата во Сочи. Поентата е: "Параолимпијците не одат на Игрите затоа што сакаат да покажаат нешто во врска со својот хендикеп, тие одат затоа што сакаат да освојат медал. И ова често се заборава кога се овие Игри во прашање."

Маркетинг буџетот на Самсунг е поголем од БДП-то на Македонија

Самсунг во 2014-та на маркетинг низ светот планира да потроши 14 милијарди долари. За 2013-та вкупната вредност на македонскиот БДП изнесува околу 10 и нешто милијарди долари.

Телевизор против разводи

Можете со брачниот не/пријател да гледате ист телевизор а да си бидете башка Тито, башка Јованка. Што се 8.000 евра за раат?

Удри го додека е на земја

Иако ХТЦ константно ја губи битката, директорите на Самсунг се уште се доволно загрижени околу конкуренцијата за да платат плукање против ХТЦ на интернет. Штом го читате ова, значи дека ги фатија.

Сите гласини на Самсунг Галакси С4

Според муабетите и изворите од кои доаѓаат, речиси и да е сигурно дека Самсунг на 14-ти март ќе го промовира Галакси С4. Во април, уредот би требало да биде достапен во продавница.

Самсунг, џинот што почна како извозник на сушена риба

Во изминатите неколку години, откако сериозно запнаа на промоција на мобилните телефони Самсунг стана еден од најпрепознатливите брендови во технологијата. Почетоците на Самсунг се во 1938-ма, кога е основана како компанија која извезува сушена риба.

4-те чекори на Самсунг до мобилна доминација

Самсунг стана најголемиот производител на мобилни во светот (поголем и од Нокиа), стигнувајќи од нула до пазарна доминација за помалку од 3 години. Не е случајно.

Самсунг почна да го рекетира Епл

Епл: Самсунг, да платите тоа што изгубивте на суд. Самсунг: она чиповите што ви ги правиме за Ајфон, само што станаа 20% поскапи. Некои судски трошоци имаме.

Чекајќи го новото

Точно на време за сезоната чекање редови пред Епл, Самсунг со продолжение на својот сеир за предностите на Галакси С3 во однос на Ајфон. Плус, дополнително ругање од типот – "телефон за стари," "го мрднаа влезот за слушалки," и "може ќе ти треба нов адаптер, ама па прават одлични адаптери."

Самсунг настрада заради други

Една милијарда е една милијарда, ама Самсунг воопшто не беше главната цел на Епл. Целата работа беше напад на Гугл и подобро позиционирање на Епл во однос на останатите компании.