Ромелу Лукаку и топката нешто не се сакаат во последно време. Ај што не дава голови, ама и му бега како на почетник. Ова е неговиот прием по кој му пука сеир цела Англија, па и пошироко.
Манчестер Јунајтед сезонава има само две победи на домашен терен на сите натпреварувања, а сезоната ја стартуваа на 10 август. Добар показател за тоа дека екипата личи на раштиман оркестар е овој нејасен пас на Ромелу Лукаку. Погледна убаво кај се неговите и пак џабе.
На Светското првенство паднаа 169 погодоци на 64 натпревари или во просек по 2,64 гола по натпревар. Во Москва се одигра и најефикасното финале од 1966 година (финалето тогаш завршило 4-2 но после продолженија).
Четврфиналната програма започнува со дуелот Франција - Уругвај. Победникот од овој меч во полуфинале оди на подобриот од Бразил - Белгија. Отсутни повредениот Кавани и „пожолтените“ Каземиро и Матуиди.
Ретко која репрезентација би се вратила од негатива 0-2 после 60 минути игра во осминафинале на Светско првенство. Но ако на клупата како асистент го имаш Тиери Анри тогаш сè е можно. Психолошки многу ги подига белгиските репрезентативци кои го слушаат повеќе од своите родители.
48 натпревари кои ги одиграа 32 селекции на Светското ги одредија учесниците во осминафиналето. Не очекуваат уште интересни дуели и одговор на прашањето дали ќе гледаме средба меѓу Меси и Роналдо (ако Аргентина и Португалија ги поминат Франција и Уругвај).
Пред мечот со Панама кој го реши со два убави гола, центарфорот на репрезентацијата на Белгија и Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку раскажал за тешките времиња низ кои поминало неговото семејство кога тој бил дете и само што почнувал да игра фудбал.
Во термините за пријателски, Белгија очекувано ја суреди Саудиска Арабија со 4:0, а напаѓачот на Наполи твитна неочекувано за својот колега и напаѓач на Манчестер Јунајтед.
На „Олд Трафорд“ никогаш не е досадно. Последна интрига која ги „закача“ навивачите е зошто центарфорот на белгиската репрезентација не ги слави головите ниту со соиграчите ниту со навивачите.
Со 7 гола на првите 7 меча во Премиер лигата, Ромелу Лукаку имаше одличен старт за Манчестер Јунајтед, арно ама на последните 7 средби им дадено само еден, а тоа кај Англичаните не проаѓа без жестоки критики и барања да го седнат на клупа. Истото му го прават и на Алиоски.
Телото за борба против расизмот Kick It Out пишало допис до клубот Манчестер Јунајтед по објавените видеа на кои се слушаат необични скандирања за Ромелу Лукаку.
Неделата за Ромелу Лукаку беше славеничка од две причини. Прво дебитираше за Манчестер Јунајтед во првото коло од Премиер лигата со два гола против Вест Хем, а вечерта уживаше кога брат му Џордан му го испи мозокот на Де Шиљо и му ја даде на танца на младиот Мурџа за конечни 3:2 на дуелот меѓу Лацио и Јувентус и трофеј во Супер Купот на Италија.
Арсенал попладнево одигра пријателска средба против Сиднеј во Австралија во склоп на подготовките за новата сезона. Венгер таму покажа како ’барата’ со топката, далеку подобро од 75 милиони фунти скапоцениот Лукаку на тренинг во Манчестер.
До завршувањето на клупската сезона останаа уште два месеци. Во трката за наградата „Златна копачка“ која се дава на најдобриот ’бомбардер’ во европските првенства лидер во моментов е Лионел Меси.
Напаѓачот на Евертон, Ромелу Лукаку се посрамоти на дуелот против БиХ, на ист начин како Пандев против Израел, но белгијскиот репрезентативец го постигна последниот гол на мечот за конечни 4:0.
Ромелу Лукаку се поврзува со трансфер во Челси, а Пол Погба веројатно ќе се врати во Манчестер Јунајтед. Но тоа не е причина да се опуштат на одмор во Мајами и да изиграат баскет. Ѕвездата на Јувентус даде тројка без коски.
Со стручни лица, нови академии, преоѓање на нови методи и многу трпение Белгија стана прва на ФИФА ранг листата иако во минатото пропушти дури пет големи натпреварувања по ред. Ова е сторија за развојот на младите фудбалери во оваа земја.
Првата репрезентација на светот според ранг листата на ФИФА, Белгија во своите редови ги има браќата Лукаку кои синоќа играа заедно откако помладиот Џордан Лукаку (21) влезе во игра. Џордан е лев бек во Остенде. Само две минути откако истрча на теренот му центрираше на брат му кој даде гол со глава. Белгија и во минатото имаше одличен братски тандем, Мбо и Емил Мпенза.
Откако се врати на Стемфорд Бриџ, Португалецот успеа да се ослободи од играчите кои беа звучни имиња, вредеа многу, а тој не ги сакаше. Се работи за петмина фудбалери кои не беа по вкусот на Специјалниот, а донесоа профит во касата на Челси.
Додека екипата на Челси се мачи со реализацијата, а нивните напаѓачи оваа сезона немаат постигнато ниту еден гол, „непотребниот" Лукаку блеска во Евертон каде од него се плашат дури и соиграчите.