Роџер Федерер се пласираше во третото коло на Вимблдон откако го совлада Лукаш Лацко со 3:0, а со тоа веројатно го постигна и најатрактивниот поен на годинашното издание на најелитниот грен слем турнир. Потегот за чудење кај публиката се нарекува „дроп-шот“. Следен месец ќе наполни 37 години. Прво: Човеков е доктор за тенис. Второ: Не старее.
Рафа влезе во историјата откако по неверојатен единаесетти пат го освои отвореното првенство на Франција - во три сета беше подобар од Австриецот Доминик Тим.
На средината од февруари Федерер потпиша нов рекламен договор со авто гигантот Mercedes и според Forbes, “Маестро“ ќе заработи 15 милиони долари за 3 години. Таквиот договор само ја зацврсти репутацијата на Швајцарецот како „крал на рекламите“.
Малкумина знаат за почетокот на кариерата на Роџер кога бил чиста спротивност на она што е денес. Кршел рекети, викал и се карал со судии, се однесувал ексцентрично. Денес е огледало на спокој и мир а за тоа е заслужна неговата жена.
Се потрошија еден тон придавки за човекот кој го сметаат за еден од најголемите спортисти во историјата, па еден вели вака: Има една планета која се вика Роџер и на која живее само тој.
Во четвртокот и петокот температурата во Мелбурн отишла и на +40 степени. Многу учесници на Australian Open се незадоволни што треба да играат по такви пеколни горештини.
Покрај сите награди, одличја, трофеи и достигнувања, Федерер одвои време да му се заблагодари на човекот кој цели три месеци ги склопувал неговите најдобри потези во кариерата во едно видео.
Рафа и Роџер одново се прв и втор рекет на светот - тоа се случило седум пати низ историјата, но првпат од 2010 година. И двајцата се вратија на теренот после повреди и ги оставија без шанси младите противници.
После еден убедлив триумф додека блицеви од апарати светеле во него, Роџер насмеан рекол дека во детството еднаш изгубил катастрофално а детето кое го растурило, денес работи како џандар во Базел.
Само 69 дена откако се врати од 11-месечна пауза поради повреда и шест недели откако рејтингот ѝ падна на 957 место, Слоан Стивенс направи чудо и го освои првиот Гренд Слем во кариерата.
Пред осум дена Washington Post напиша повеќе редови за предводникот на плејадата талентирани млади тенисери кои полека ќе ја заменуваат старата гарда која од друга страна не го пушта стисокот врз овој спорт.
Еден од најголемите спортисти на сите времиња е човек којшто многу емотивно ги доживува сите победи и порази, што е сосема нормално. Во кариерата плачеше од среќа, но и од тага.
За многумина најголемиот на сите времиња, Роџер Федерер на убедлив начин го победи Марин Чилиќ во финалето на престижниот Вимблдон каде стигна после неколку маестрални потези. Уживајте.
Роџер Федерер со право го носи епитетот Кралот на Вимблдон затоа што попладнево по осми пат во кариерата славеше на лондонскиот Гренд Слем, против Марин Чилиќ 3:0 во сетови 6:3, 6:1, 6:4.
Одличниот хрватски тенисер Марин Чилиќ ќе се обиде да го спречи Роџер Федерер да стигне до рекордната осма титула на Вимблдон и воедно да го освои својот втор Гренд Слем во кариерата. За неговата кариера најголеми заслуги има легендарниот Иванишевиќ.
Роџер Федерер за четири месеци ќе наполни 36, ама неговите години не се никаква пречка за држеше тениски лекции. Сезонава го освои Гренд слемот на Австралија опен, а сега го напаѓа мастерсот во Мајами. Најнова жртва му е Шпанецот Роберто Баутиста кој го доби во два тајбрејка 7:6 и 7:6. Поенов е убавина за гледање.
Финале меѓу сестрите Вилијамс во женска и Федерер и Надал во машка конкуренција беше класика во тенисот ама пред 7-8 години. Ривалството на старите волци се враќа на сцена утре во 9 часот наутро по наше време. Заедно тежат 31 Гренд слем титула. Ќе биде многу интересно.
Швајцарецот со чешко потекло, Станислас Вавринка е жив доказ како талентот не може ништо без страшно напорна работа. „Само ако вежбаш милион години, ќе успееш“, вели Стен кој почна да му го зема скалпот на Ѓоковиќ во финалињата.
22-годишниот Французин Лукас Пује е најголемото изненадување во досегашниот тек од Вимблдон, затоа што од сенка победи неколку фаворити. За да стигне до тука се спремал во Дубаи и учел од неговиот идол Федерер.
Маркус Вилис очекувано беше поразен од Роџер Федерер со 3:0 во второто коло на Вимблдон, но за 775-ти тенисер во светот беше доживување да се игра против 7 кратниот освојувач на Вимблдон на кој успеа да му земе 7 гема кој сигурно ќе ги збори по другари.