Селекторите на репрезентациите учесници на Евро2020 веќе ги објавуваат конечните списоци на фудбалери. Во понеделникот Луис Енрике ги прочита имињата на шпанските фудбалери кои ќе играат на Европско ама нема ниеден од Реал Мадрид.
Одамна немало вака бурна сезона во шпанска Ла Лига како 2020/2021. До самиот финиш за титулата се бореа Атлетико, Реал и Барселона, па на коло до крајот во игра се само мадридските гиганти.
По ремито без голови во големото дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Севиља одиграа 2:2 со што и натаму сите четири екипи конкурираат за вредниот шампионски пехар.
Откако првиот меч во Мадрид заврши 1:1, вечерва на „Стемфорд Бриџ“, Челси го совлада Реал со 2:0 и заслужено ќе игра во големото финале на Лига на шампиони против Манчестер Сити.
Пред да стане шампион на Англија со Челси во Премиер лига 2016/2017, шпанскиот лев бек Маркос Алонсо избегнал затворска казна за убиство без умисла на девојка му.
Првото полуфинале во Лига на шампиони е само најава за големата неизвесност која ќе следува на реваншот, барем што се однесува до екипите на Реал Мадрид и Челси кои ремизираа 1:1. Пулишиќ отвори, Бензема врати. И двата гола паднаа во прво.
Полека се чистат чаурите кои ги испукаа неколку богати претседатели на европски клубови кои сакаа да се одвојат. Идеи за вакво нешто потекнуваат одамна, не се од вчера.
Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.
Фудбалерите на Ливерпул нека си пуштат снимка и нека ги бројат многуте шански кои ги испуштија на свој терен против Реал и фантастичниот Куртоа. Борусија Дортмунд во прво полувреме имаше резултат за полуфинале, но таму оди Манчестер Сити.
Како стојат работите, во најдобрите топ 5 лиги во Европа, најинтересно во финишот ќе биде на Пиринеите. Таму трите најголеми титани до крај ќе се борат за најдрагоцениот пехар - шампионска титула во Ла Лига. Кој е во најдобра положба?
Реал Мадрид не е само Рамос, Марсело или Бензема и не беше само Кристијано Роналдо. Внимавајте добро на фактите за овие дечки вредни злато во средина. Само една исправка во твитот. Крос има три трофеи во ЛШ, бидејќи кога Реал ја почна серијата во 2013/2014, тој играше за Баерн.
Друг Реал, други времиња. Помалку трофеен во ЛШ од овој, ама спектакуларен за гледање. Не умираат снимкиве и без разлика за кого навивате, не може да не уживате во играта на овие незаборавни ликови. Зидан - Раул - Роналдо. Едноставно, ама елегантно.
Фудбалерите на Реал Мадрид го издоминираа Ливерпул и со заслужен триумф од 3:1 ќе патуваат на Енфилд. Ливерпул немаше шут кон гол во прво полувреме. На другиот дуел Манчестер Сити славеше 2:1 во финишот само шест минути откако прими гол.
Не беше баш коректна судиската одлука на главниот арбитар на крај на прво спрема Аталанта. Кога на семафорот стоеше 44:59, а гостите правеа акција од која можеше да падне и гол, тој реши да им ја прекрати. И коментаторите реагираа. Секогаш во вакви ситуации се остава да одат во напад.
Манчестер Сити и Реал Мадрид ги оправдаа фаворитските улоги и со нови победи на убедлив начин стигнаа до четвртфинале. За одбележување се евроголот на Де Брујн и слободниот удар на Аталанта која им ја криеше топката на Кралевите со помош на сопствен жив ѕид.
Некои имиња и некои времиња не се повторуваат, а едно од нив е ова екипиште на Реал Мадрид, првак на Европа 2002-ра, па првак на Шпанија 2003-та со Галактикос. На денешен ден пред точно 18 години играа против Милан во групна фаза од ЛШ.
Репрезентативниот голман на Костарика има мошне интересно минато. Има 34 години и веќе неколку сезони брани на највисоко ниво, прво за Реал Мадрид, па за ПСЖ. Синоќа по петти пат во кариера Меси му шутираше пенал и првпат му одбрани.
Нејасно е дали сега има некаков конфликт со тренерот Гасперини или мирно и сталожено ја прифатил неговата одлука да го смени брзо откако влезе во игра, за да сочуваат 0:0 со Реал.
Со убавиот гол на Ферланд Менди од 20 метри, Реал Мадрид стигна до гостинска победа против незгодната Аталанта. Манчестер Сити обезбеди солидна предност на гостувањето против Борусија Менхенгладбах.
Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва гостуваат кај Аталанта во првиот меч од 1/8 финалето на Лига на шампиони. Тренерот на „кралскиот клуб“ пред 23 години од клупата за резерви тогаш како играч на Јуве гледаше хаос на трибините.
Возрасните фудбалски гурмани добро се сеќаваат на сјајната генерација на Ријека која во '80-те години играла одличен фудбал и покорила неколку гиганти.