Таг: реал мадрид

Спектакуларните 4:3 меѓу Манчестер и Реал

Не се ова Реал и Манчестер кои завчера едвај победија по 1:0 во ЛШ. Слушајте ја химната и гледајте кои се во составот на двете екипи, па ќе ви стане јасно зошто е убаво да се потсетиме на вакви видеа. Роналдо 0:1, Ван Нистелрој 1:1, Роналдо 1:2, Елгуера 2:2 (автогол), Роналдо 2:3, Бекам 3:3, Бекам 4:3. Уживање е видеово.

Уапсен Карим Бензема, уценувал со порно снимка

Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација е уапсен од француската полиција поради тоа што го уценувал Метју Валбуена од Лион дека ќе го објави спорното секс видео на соиграчот од репрезентацијата.

Ди Марија го истегна Иско

До пред извесно време беа во ист клуб но Иско ништо не научил од Анхел Ди Марија кој си поигра со шпанскиот репрезентативец.

Руни даде гол после 955 минути, а Јунајтед после 404 минути

Реал и Сити се пласираа во осминафиналето на ЛШ на две кола пред крајот на групната фаза. ЦСКА Москва сурово казнета за промашувањата против Јунајтед. Кејлор Навас стана првиот голман во историјата на ЛШ што не примил гол на првите шест натпревари.

Како малиот Раул дебитираше за Реал Мадрид

На денешен ден во 1994. година, стадионот Ла Ромареда во Сарагоса беше местото каде Раул Гонзалес Бланко за прват заигра во дресот на Реал Мадрид и му намести гол на Иван Заморано. Сè друго е историја.

Се пензионира најсаканиот капитен

„Не беше лесна одлука, но прав момент е да се каже доста е", со овие зборови иконата на Реал Мадрид, Раул Гонзалес Бланко објави дека се повлекува од фудбалот на крајот од сезоната.

Играчи кои најмногу му асистирале на Роналдо

Со двата гола против Малме синоќа, Кристијано Роналдо стигна до бројката од 501 гол во кариерата, достигнување благодарение и на неговите соиграчи во Спортинг Лисабон, Ман. Јунајтед, Реал Мадрид и португалската репрезентација.

Молк на Калдерон, Јувентус ја преслуша Севиља

Диего Симеоне првпат загуби натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Манчестер Јунајтед го совлада тврдиот Волфсбург, а победи славеа уште и ПСЖ, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.

Историјата на Реал Мадрид во Шведска почнала со риболов

Ако барате статистика за вечерашниот меч меѓу Малме и Реал Мадрид во ЛШ или ако чекате податоци за претходни дуели од коментаторите за време на ТВ преносот, нема ништо да најдеше, а ниту ќе чуете. Кралевите во Шведска до сега оделе само на турнеи.

Разликата меѓу Реал и Барселона е меѓу стативите

Бенитез го престигна Луис Енрике на табелата и ужива во одбраната која дури во петтото коло го прими првиот гол. Кејлор Навас требаше да замине, а го сруши рекордот на Касиљас. Барса има проблем со голманите.

Феноменот полни 39

На клупски план постигна 298 гола, а за Бразил на 98 настапи даде 62 гола. Од Меси и Кристијано, до Зидан и Златан, сите велат дека таков Феномен не се родил.

Музејска уметност која носи астрономски суми

Во Реал Мадрид се креваат трофеи и се носат големи ѕвезди благодарение и на музејот, кој е меѓу главните извори на заработката со по неколку нули. Во музејот на Бернабеу, влезницата изнесува 19 евра, а за оној на Камп Ноу 23 евра.

Сириецот Осама на прием во Реал Мадрид

Првиот човек на Кралевите го пречека бегалецот кој беше сопнат од унгарската репортерка и кој доби работа како тренер во Шпанија.

Старата дама се прошета во Манчестер

Јувентус го совлада Манчестер Сити 1-2 на гостински терен и направи големо изненадување во првото коло од ЛШ. Реал убедлив против Шахтјор, Јунајтед поразен во Ајндховен, лесни победи на ПСЖ и Севиља.

Роналдо одличен 5

Од денес, Реал Мадрид има нов најдобар стрелец во историјата. Кристијано Роналдо го престигна Раул Гонзалес, иако има 347 натпревари помалку од него во дресот на Меренгес.

Реал Мадрид прв пат без свое дете во тимот после 50 години

Рафаел Бенитез ќе остане запаметен како првиот тренер на Реал Мадрид кој одбрал состав за првенствен меч без ниту еден играч од академијата на Кралевите.

Ако Бејл работеше во полиција

Брзината на Велшанецот често е предмет на интернет зезалици, а ние наидовме на една во која Бејл се споредува со полицаец. И не е далеку од вистината.

Ун, дос, трес во Реал Мадрид

Фудбалерите на Реал одлично ја играат пред-сезоната каде веќе ги добија Ман. Сити 4-1 и Интер 3-0. За триумфот против Интер, Бенитез им дал слободно, па во базен се брчкаа и жонглираа Серхио Рамос, Начо и Иско.

Перез не е расист, ама не сака црнци

Касиљас веќе дебитираше за Порто (2-0 пријателска против Дуизбург), но во Мадрид и натаму не се смируваат страстите за неговото заминување од Сантијаго Бернабеу после 16 години.

Бркот на Меси во 50-те

Шпанскиот сајт paladarnegro си поигра во фотошоп со ѕвездите на Барселона и Реал Мадрид. Резултатот им го сметаме за успешен.

Ел класико на 8-ми ноември, Барса против Билбао 3 пати за помалку од 10 дена

Извлечен е календарот и паровите во шпанската Примера, каде Реал Мадрид и Атлетико ќе имаат лесна задача во првото коло, а Каталонците ќе гостуваат на секогаш тврдиот Сан Мамеш.

Петицата на Гути за најдобра асистенција

Дресот на Реал Мадрид, Гути го носеше од 1994 до 2010 година. Со Кралевите пет пати ја освојуваше Ла Лига и три пати Лигата на шампионите. Навивачите на Реал го паметат како заменик капитен со неверојатно прецизна левица.

Четири евентуални замени за Серхио Рамос

Реал Мадрид ја одби богатата понуда на Манчестер Јунајтед за Рамос, но во клубот се свесни дека заминувањето на дефанзивецот е реално, така што сега бараат алтернативно решение.

Отворена војна во Реал Мадрид, што точно се случува?

На Сантијаго Бернабеу врие како во котел, откако играчите се свртеа против управата. Рамос, Роналдо и Касиљас, секој од свои причини се револтирани од односот на Флорентино Перез.