Таг: реал мадрид

За добредојде, модринка на око од Роналдо

Навивачка на Реал Мадрид од Канада имала среќа да најде влезница за дуелот на Кралевите против Севиља. За добредојде, од најдобриот светски фудбалер за 2014 доби топка во главата од пенал.

Кај го купивме, кај се запустивме

„Касиљас беше фијаско. Некои негови настапи нè чинеа многу натпревари, како во првенството така и во раното испаѓање од Лигата на шампионите. Неговата плата е неодржлива и сакаме да си оди во САД", изјави првиот човек на Порто Пинто да Коста.

Што прави денес Предраг Мијатовиќ?

Беше спортски директор на Реал Мадрид, ги однесе Ето и Роберто Карлос во Анжи, тргна на Сицилија да стане потпретседател на Палермо но се замериле со Маурицио Ѕампарини и се вратил во Валенсија каде живее веќе повеќе од 20 години.

Како Алекс Фергусон и Абердин завладеаа со Европа

Абердин е во одлична форма и е на само бод од лидерот Селтик во шкотската лига. Сезонава потсеќа на онаа од 1983/84-та кога Абердин освоил три големи трофеи под водство на Алекс Фергусон.

Овации за Тоти на Бернабеу

Покрај стандардната Ун капитано, че соло ун капитано (има само еден капитен) која што ечеше од гостинскиот сектор во Мадрид, вечерва многу домашни навивачи стоечки му аплаудираа на големиот Франческо Тоти при неговото влегување во игра.

Реал Мадрид не простува промашувања, Волфсбург оди понатаму

Како ретко кој во историјата, фудбалерите на Рома создадоа преку 5 стопостотни шанси, но не реализираа ниту една и Роналдо и компанија ги казнија за тоа. Со вкупни 4:0 Реал Мадрид оди во следната фаза каде се пласираше и Волфсбург.

Денот кога Црвена Звезда со Бошко Ѓуровски му одржа лекција на Реал

1987 година за навивачите на Вардар е историска бидејќи стана шампион на Југославија, за навивачите на Порто затоа што за прв пат станаа прваци во Европа. Белград пак тогаш беше сведок на едно од најдобрите изданија на Звезда во тогашниот Европски Куп.

Петте причини на Роналдо за падовите на Реал

Во ситуација кога Барселона му бега на Реал Мадрид 12 бода на табела, тогаш нешто не е во ред во редовите на Кралскиот клуб. Марка ги анализираше изјавите на Роналдо кој ги посочува кривците кога на тимот не му оди.

Четирите горди градови во Лига на шампиони

Српската престолнина Белград се наоѓа во одбрано друштво со Мадрид, Лондон и Милано како еден од единствените четири градови кои во финалето од Лига на шампиони/Куп на Шампиони до сега имале два претставника во финале.

Како лекарот на Реал мести рамо за 5 секунди

Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез падна незгодно при еден дуел на мечот со Рома, но еден од лекарите кој истрча да му помогне, со два потега покажа зошто е вработен во кралскиот клуб.

Бенитез: Реал само менува тренери, а Барса освојува трофеи

Скоро два месеци по отказот, Рафа Бенитез зборува отворено за тоа што не му се допаѓало во Реал Мадрид, а ги споредува и клупските политики меѓу Реал и Барселона.

Реал и Волфсбург со една нога во четвртфинале

По домашните победи на ПСЖ и Бенфика, втората осминафинална ноќ во Лигата на шампионите донесе победи за гостинските екипи кои веројатно ќе бидат клучни за пласман во топ 8 фазата. Гол број 89 за Роналдо во Лигата на шампионите. 

Денот кога Ливерпул без пардон го тресна Реал Мадрид

Уште епизода од нокаут фазата во Лигата на шампионите која е од поновата историја. Ливерпул повторно е во главна улога, а од другата страна е Реал Мадрид кој го доживеа еден од најтешките порази во елитното натпреварување.

Анегдотите на Касано со Бекам и Тоти

„Шест месеци живеев во домот на Франческо Тоти, а потоа две години не разговаравме", открива Касано за шпански АС и додава анегдоти поврзани со Дејвид Бекам во Реал Мадрид.

Шестото сетило на Ласана Диара

30-годишниот фудбалер на Олимпик Марсеј на чуден начин објави дека се враќа од повредата која го оддалечи од терените од почетокот на јануари.

Укината суспензијата на Реал и Атлетико Мадрид

ФИФА одлучи да ја укине казната на шпанските гиганти кои беа суспендирани поради кршење на правилата за трансфер на малолетни играчи.

Перез го открија, Роналдо не е најскап играч во светот

Дилемата околу тоа кој е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот е разрешена. Кристијано Роналдо сепак останува втор, зад неговиот колега Герет Бејл.

Викаш техничар, мислиш Марсело

Бразилецот Марсело не само што достојно го замени легендарниот Роберто Карлос по левата страна на Реал, туку и го надмина по многу нешта. Ретко кој лев бек има таква техничка поткованост како него.

13 чудни фудбалски факти, втор дел

Знаете ли кој играч нема пораз на Емирати, која селекција е непоразена против Бразил, како изгледало финалето од Копа дел Реј пред 36 години и од кој играч на Барса е поефиксен Џон Тери?

Зa што Реал и Атлетико Мадрид добија казни од ФИФА?

Мадридските великодостојници западнаа во проблем од кој пред две недели излезе Барселона. Во следните два преодни рока, летото 2016-та и зимата 2017-та нема да може да купуваат играчи. Зошто така?

Реал и Атлетико добија шлаканица од ФИФА

Двата клуба од Мадрид се соочија со идентична казна која и истече на Барселона во овој зимски трансфер период.

Култот на личноста на Зидан и полувистините за него

Во јули пред 10 години Зидан ја заврши кариерата. За ова време се зголемија генерациите навивачи кои не го виделе Французинот во некое друго светло. За него важи дека е совршен играч, но ретко кој го познава како неверојатно груб човек.

Со што се пофали Реал Мадрид за новиот тренер

Флорентино Перез за тренерската смена се реши за вкусот на навивачите, а промоцијата на Зинедин Зидан ја продолжија со видео на јутјуб кое нема врска со неговиот тренерски капацитет. Инаку не викаме дека е лошо видеово.