Таг: реал мадрид

Да не ти е Бејл ќе земеше златен медал

Реал Мадрид стана единствениот клуб на светот којшто ја одбранил титулата Светски клупски шампион, откако со 1:0 го совлада бразилскиот Гремио во финалето. Младиот Хесус Валехо беше со екипата, но не бил пријавен во составот за финалето па кога Џани Инфантино им даваше медали, тој му рекол дека не треба да земе. Среќа целиот муабет го слушнал Герет Бејл.

Реал Мадрид ја одбрани титулата светски првак

Втора година по ред, шампионскиот Реал Мадрид го крена пехарот наменет за победниот на Светско првенство.

Вие сте Реал Мадрид, ама јас сум најлуд голман

Европскиот првак страшно многу се изнамачи за да стигне до финалето на Светското клупско првенство. Пречка им беше Ал Џезира или поточно нивниот голман Али Хасиф кој целосно одлепи и им скроти едно десетина чисти топки. Фалеше уште со кук да им одбрани некоја.

Извлечена ждрепката - Јуве во Лондон, Реал во Париз

Уште пред да почне ждрепката, извесно беше дека ќе гледаме мега-дуели на најдобрите европски екипи во моментов.

Ливерпул му даде седум гола на Спартак, голеада ширум Европа

Завесата во групната фаза од Лига на шампиони се спушти на неверојатен начин откако на 7 меча паднаа дури 33 гола. На „Енфилд“ Ливерпул оствари историска победа од 7-0 против Спартак Москва. Реал со 3-2 го совлада Дортмунд, а Севиља ремизираше 1-1 со Марибор.

УЕФА го истражува намерниот жолт картон на Карвахал

Десниот бек на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија буквално 20-ина секунди глумеше дека изведува аут и тоа во судиското продолжение при водство од 0:6 на неговиот тим. Поради овој жолт картон, Карвахал има три по ред и ќе го пропушти последниот дуел со Дортмунд во Мадрид. Свесно и намерно или не одлучете сами.

15 години од свинската глава кон Фиго на „Камп Ноу“

На 23. ноември 2002-ра се случи нешто невидено до тогаш во светот на фудбалот: не беше првпат Португалецот Фиго да се врати во Барселона во дрес на Реал Мадрид, но првпат го гаѓаа со свинска глава и што уште не.

Роналдо и Бензема се поефикасни само од напаѓачите на Беневенто

Апстиненцијата од голови на ударното дуо на Реал Мадрид е до толку голема оваа сезона, што и една Марка зема да ги ремети и да ги споредува со фудбалери кои играат во екипа која синоќа стигна до најнеславниот рекорд во Европа.

Кога цел Бернабеу стана на нозе за маестро Дел Пјеро

На 5. ноември 2008 година Алекс Дел Пјеро стана еден од ретките (Иниеста меѓу другите) на кои цел „Сантијаго Бернабеу“ му стана на нозе да го поздрави со аплауз за тоа што со два еврогола по еден во полувреме сам го победи Реал.

Касемиро каде ти е компасот?

Фудбалерите на Реал Мадрид ја изгубија рамнотежата на синоќешниот дуел со Тотехнем, ама Касемиро најмногу. На никој не му беше јасно на Вембли што сакаше да направи фудбалерот на Реал Мадрид. Веројатно само да исценира прекршок.

Тотенхем поведе против Реал со гол од офсајд

Со голот на Деле Али во 27-та минута, фудбалерите на Тотенхем имаат водство од 1:0 против Реал Мадрид во првиот дел. Но европскиот првак е оштетен поради очигледна грешка на линискиот судија, кој не го подигна знаменцето кога Трипие му асистираше на стрелецот на голот.

Непријатниот момент во кој се наоѓа Зидан

Кога на листата на стрелци во Ла Лига гледате дека Меси има 12 гола по 10 изминати кола, а Роналдо и Бензема по само еден, тогаш очигледно е дека европскиот првак не личи на себе. Па еден Барди како дебитант во Шпанија стигна до 4 погодоци.

Кармата на Серхио Рамос

Никогаш немој да го правиш на другите тоа што не сакаш да ти го прават тебе.

Џирона ли е Барса ли е?

Актуелниот шампион на Европа синоќа доби две шлаканици од новиот прволигаш, кој во рок од 4 минути направи пресврт за златни 3 бода. Голот за израмнување е како да гледате двајца Меси во налет. Рамос и другарите не знаеа кај се наоѓаат.

Меси и Роналдо никогаш не гласале еден за друг

Фудбалот во последниве 10 години се врти околу нив, тие важат за едни од најдобрите на сите времиња а необично е да се види како гласаат во изборот на ФИФА.

Сторија за насмеаното дете од Копакабана

Бразилецот Кака се опрости од МЛС лигата и е близу до завршување на кариерата. „Веќе не уживам во играњето фудбал зошто имам болки после секој меч“. Што не знаеме за сјајниот Бразилец?

Роналдо на шева: Каде бе дете?

Борха Мајорал има само 20 години и премало искуство за да го ставиш во средина во едно вакво друштво. Малиот се обиде да му ја земе на Роналдо, а овој направи потег по кој сите се фатија за глава.

Светски шампион кој потпишал со Реал, па станал електричар и возач на Де Хеа

Од гол во финале на младинско Светско првенство против Бразил до дното на шпанскиот фудбал. Ова е приказната за симпатичниот Баба Суле.

Дајте ни го Ди Стефано, ако не ќе ти пратам инспекција

Иконата на Реал Мадрид од 50-те пред да го облече кралскиот дрес, морал присилно да го соблече каталонскиот бидејќи така сакал Франко. Тој го користел Реал Мадрид и селекцијата на Шпанија за меѓународни поени и подобрување на имиџот.

Дебито на Роналдо за Реал Мадрид

Направи трансфер од Интер во Реал за сума од 46 милиони евра и уште првиот ден ги сруши сите рекорди во продажбата на дресови. Во тоа време тој беше опсесија за навивачите и дојде како тазе светски првак со Бразил. Влезе во Галактикос ерата сосставена од Зидан, Фиго, Бекам, Раул и Карлос и за 5 сезони постигна 104 гола. Дебитираше на денешен ден пред точно 15 години со два гола против Алавес. 

Како диктаторот Франко го присвоил Реал и ги угнетувал Каталонците

Дербито меѓу Барса и Реал не е само фудбалски натпревар. Тоа е битка меѓу две идеологии со длабока историско политичка позадина во која главен актер е сојузникот на Хитлер и Мусолини. Тие што вееле каталонско знаме на стадион, ги пикал во затвор.

Реал Мадрид: 12 меча, 12 различни стартни состави

Кога по 7 минати кола во Ла Лига, Реал е петти, а Барса му бега 7 бода, тогаш јасно е дека нешто не штима кај Кралевите. Тие се освојувачи на двете последни изданија во Лигата на шампиони и едноставно недозволиво е клуб од таков калибар вака да ја стартува новата сезона.

Личната исповед на Роналдо за животниот пат

На 11 години со ранец на грбот го испратиле сам од родниот остров Мадеира во големата метропола Лисабон каде му било тешко без најблиските. Денес на копачките има изгравирано зборови и последната работа што ја прави пред да истрча на терен е да ги прочита: „Сонот на малиот“.

Роналдо ја продаде Златната топка во хуманитарни цели

Најдобриот фудбалер на светот во изборот на ФИФА целата сума од собрана на аукција ќе ја донира за хуманитарниот фонд Замисли желба за болни деца.