Таг: пеп гвардиола

Кога Пеп дозна дека им е укината казната за ЛШ

УЕФА во февруари годинава реши да го исклучи Манчестер Сити од еврокуповите на две сезони поради кршење на финансискиот фер плеј, но Меѓународниот суд за спортска арбитража во Лозана ја поништи суспензијата.

Сане дојде во Сити поради Гвардиола, а сега си отиде поради него

Германскиот шампион Баерн Минхен на сите ѕвона ја соопшти веста дека младиот крилен напаѓач Лерој Сане е нивен нов играч. Го покажаа дури и со нивен дрес и со потпис на договор. Зошто овој најталентиран европски играч замина од богатиот Сити?

Сити со шампионски коридор и аплаузи го пречека Ливерпул

Навивачите на Ливерпул едвај го дочекаа почетокот на мечот со Манчестер Сити зошто знаеа што ги чека во првите минути од преносот, а ние се прашуваме како кај нас би изгледал еден ваков витешки гест.

Како доктор Пеп Гвардиола по шести пат го освои „Сантијаго Бернабеу“?

Пеп е дефинитивно ноќна мора за Реал Мадрид, а притоа го спасува и престижот на англискиот клупски фудбал.

Ватерполистот Естиарте, најдобриот другар и гуру на Гвардиола

Кога камерата во текот на еден пренос го дава во кадар Пеп Гвардиола, речиси никој не знае кој е човекот кој седи или стои во негова близина. Станува збор за икона на шпанското ватерполо, рекордер по број на настапи и голови и личен советник на Пеп Гвардиола со кого освојуваат трофеи насекаде.

Првата конференција на Клоп во Ливерпул во 2015: „За 4 години ќе имаме титула“

Ај што во моментов важи за најдобриот тренер на светот кој создаде пеколна екипа која гази сè, туку од денешна перспектива се гледа дека Јирген Клоп е и визионер кој знаел да предвиди како ќе одат работите.

Пеп кажи нешто, не можам да цитирам климање со глава

Новинар заклучува дека клубот од Енфилд му бега на Манчестер Сити цели 22 бода и го прашува Гвардиола дали прифаќа дека веќе нема шанси. Одговорот на Пеп е епски.

Компилација на најинтересните пресови за 2019-та

Да не е Клоп видеово ќе нема поента. Разни пикантерии пред новинарите има често и со Мурињо, а тука се и Пеп, Лампард, Покетино...

Пеп Гвардиола убедува возач на автобус да заигра стопер

По повредата на команданот на одбраната Џон Стонс, Гвардиола нема веќе време за губење и мора да најде стопер.

Жената која го облекува во кардиган и која го советува Пеп за тактички формации

Гвардиола го видел целиот свет. Победуваше во Шпанија, Италија, Катар и Мексико, тренираше во Германија и во Њујорк, а верен сопатник му била сопругата Кристина Сера со која има три деца.

На таа пара сигурно нема за Интертото да се бори

Со освојувањето на Супер купот на Англија пред 10 дена, Пеп Гвардиола стигна до 28 трофеи за само 10 години тренерска кариера. Импресивно достигнување, но до некаде и логично кога ќе се пресмета колку многу пари вложиле за играчи, клубовите кои ги тренирал.

Ако аматерски тим го има Пеп Гвардиола за тренер

Фудбалски клуб Вортинг, англиско фудбалско подземје. Играат на прва ко Барса, гајле немаат. Фудбал за око, игра лепршава ко Сити на Етихад.

Пеп се отвори на Мадона

Манчестер Сити е првиот клуб кој успеа да ја освои тројната круна на островот (Премиер лига, ФА Куп и Лига Куп), а Пеп е посебно горд и среќен за тоа. 3, 2, 1 ајмо Пеп, држи ритам.

Како Гвардиола психолошки ги спремал играчите: „Ќе гледате голф, не Ливерпул“

Додека биле во базата и на натпреварите биле максимално фокусирани. А излегле од тренинг центарот, не сакал збор да слушне за тоа што направил Ливерпул, не сакал да гледаат пренос, ни да зборуваат за фудбал.

Де Брујне до Пеп: „Ебате тренерот, само победуваш“

Манчестер Сити ја прослави титулата со своите навивачи на гостувањето кај Брајтон каде победи 1:4 и освои 3 клучни бода за пехарот. Во текот на прославата белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне имаше што да му каже на Пеп Гвардиола.

Најважните факти од Премиер лигата сезонава

Готово е. Англиското првенство заврши на неверојатен начин, со борба за титулата до последно коло. Ја освои бранителот на трофејот Сити чијшто тренер стана еден од тројцата кои го направиле овој подвиг.

Мегаломанот Пеп vs скромниот Покетино

Марка веќе направи математика колку пари фукнал Гвардиола за засилувања откако ја напуштил Барселона. Со ова темпо уште летово може да стигне до милијарда евра, а нема стигнато до полуфинале во ЛШ, а не па да ја освои.

Најдраматичната 1 минута во Лига на шампиони сезонава

Ќе речеш што се 60 секунди, што може да биде за една минута, ништо. Ама она што се случи на Етихад синоќа беше прав пример како радоста и тагата може кратко да траат.

Сити и Ливерпул - кој со кого до крајот на шампионската трка?

Уште од 2012-та година и епскиот гол на Серхио Агуеро против КПР во 95’ минута за титула на Манчестер Сити, сезоната во Премиер лигата не била вака енигматична. Како стојат работите, Ливерпул и Сити ќе се борат со последна секунда за вредниот трофеј.

Пеп е дрво на гости, а на Порто островот му е кошмар

Првите два четвртфинални дуели од Лига на шампиони завршија со победа на домаќините, а тоа е само потврда плус и продолжување на мизерната традиција на гостиве. Кај едните на тренерот не му оди, а другиве не одат во Англија.

Во Англија зачестиле уплати за квадрипул, Гвардиола не сака да зборува за подвиг

Со раниот гол на почеток на мечот на Габриел Жезус, и неколку непријатни моменти пред голот на Едерсон, Сити го совлада Брајтон во полуфиналето на ФА Купот и сега го чека уште една битка во финале за освојување нов трофеј сезонава.

Сари се вади дека не го видел Гвардиола, затоа не се поздравил

Откако Сити со историски 6-0 го демолираше Челси синоќа, по крајот од мечот италијанскиот стручњак тргна кон соблекувалната и додека Гвардиола му пружаше рака, овој само го одмина. После во соблекувални се решил проблемот.

Објаснувањето на Валдес за тоа дека кај Пеп нема никогаш рогачката

Некој ќе рече дека таа игра со пимплање е здодевна за око, ние ќе речеме дека е најубава, а Пеле во една прилика додаде дека играта со куси додавања е најтешка за имплементирање на терен. Голманот со 21 трофеј во Барса ја раскажува првата лекција со човекот кој најдобро ја практикува.

Изживувањето на Сити над слабиот Бартон не е прво во историјата

Во првиот меч од полуфиналето на англискиот Лига Куп, Манчестер Сити со 9-0 го испраши немоќниот Бартон и го израмни својот историски рекорд.