Таг: палермо

Иле ја тресна и Сампдорија

Македонскиот напаѓач продолжува со одличните игри во Серија А. Нова мета на Илија Несторовски ова коло беше Сампдорија за трет гол во Италија и трет на гости кој го постигна во 60 минута од мечот. Одбраната на Палермо за жал попушти дури во 95-та минута за конечни 1:1.

Весниците во Италија се полни со наш Иле кој го споредуваат со Инѕаги, Икарди и Перишиќ

Ако на македонската фудбалска репрезентација и фали нешто во составот, тоа сигурно е расен стрелец на кој може да сметаме дека шансите за гол нема да ги остави неискористени. Газдата на Палермо вели дека за да реализира 10 гола на Несторовски му требаат 10 асистенции.

Мајсторски потег на Несторовски за прва победа на Палермо

Нов гол и нови бодови на Палермо во Серија А благодарение на одличниот Илија Несторовски. Македонскиот репрезентативец минатото коло го спаси својот тим од пораз, а овој пат му донесе 3 драгоцени бодови на гости против Аталанта со атрактивен потег во 89 минута. На повидок ли е нова македонска ѕвезда во италијанското првентво која му ја носи првата првенствена победа на Палермо?

Серија А го виде првиот гол на Несторовски

Македонскиот репрезентативец стигна до деби гол во Серија А откако во денешното 5. коло со својот Палермо во 66 минута го израмни резултат на гостувањето против Кротоне.

Палермо ќе купува ѕидар од Аргентина кој игра за 770 евра месечно

Трајковски и Несторовски од следната сезона можно е да добијат интересно друштво во напад, откако нивниот претседател кој тренерите ги менува како чорапи, најде дете со биографија во која стои дека до скоро примарна работа му била на градилиште.

Плачки по голот на Трајковски

Палермо немаше победа 13 кола, а Александар Трајковски при водство од 0:1 на гостувањето во Фрозиноне со одличен слалом во 92 минута ја запечати победата и расплака една навивачка која собра скоро 1.000 лајкови кога се откри.

Палермо победува кога Трајковски дава гол

По пауза од 13 кола завршува црната серија на сицилијанците кои стигнаа до 3 важни бода во борбата за опстанок со директниот конкурент Фрозиноне. Трет гол за Трајковски во Серија А.

Сите се враќаат, па и Фабио Симплисио

Поранешниот играч од средината на теренот на Парма, Палермо и Рома после 16-месечна пауза решил да се врати на теренот. Ако тогаш изгледаше дебел, сега...

Трајковски во Палермо имал осум тренери за осум месеци

Лудиот сицилијански претседател на Палермо, Маурицио Ѕампарини сезонава се надмина себеси и со смената на осум тренери за осум месеци го направи конзервативен дури и претседателот на Реал Мадрид.

Офсајд лик: Гиљермо Барос Скелото

Во Палермо настана каша попара со тренерите и оваа сезона, а најновата улога на тренер во заминување е легендарниот играч на Бока Јуниорс. Тој беше тренер на 5 меча, но не смееше да го води клубот. Само со Ѕампарини се вака комплицирани работите.

Мајсторија на Трајковски за една минута игра

Палермо го декласираше Удинезе со 4:1, а македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна нов гол во Серија А, речиси идентичен како деби голот во Серија А против Фрозиноне.

Гласајте за голот на Трајковски

Деби голот на Александар Трајковски во Серија А, кој го постигна против Фрозиноне влезе во изборот на топ 5 најубави голови на колото. Да му помогнеме на македонскиот репрезентативец, кој инаку денеска ФФМ го прогласи за најдобар фудбалер во странство за сезона 2014/2015, да ги победи конкурентите.

Еврогол на Трајковски за Палермо, Газета го фали

По голот во Купот на Италија, македонскиот репрезентативец Алек Трајковски го постигна и првиот гол во Серија А за Палермо. Во триумфот од 4-1 против Фрозиноне, Трајковски го даде третиот гол.

Ѕампарини брка играчи сред сезона, Трајковски останува

По елиминацијата од третолигаш, претседателот на Палермо се изнервира и донесе решение дека Мареска, Ригони и Дапрела нема да може повеќе да играат за тимот, туку само ќе може да тренираат.

Прв гол за Алекс Трајковски во Италија

Стандардниот репрезентативец Александар Трајковски игра редовно за Палермо, а денес го постигна и првиот гол за калчолигашот во кој дојде летово од белгискиот Ѕулте Варегем. Палермо загуби дома 2:3 во купот од Алесандрија, а Македонецот го постигна првиот гол. Вториот беше дело на ветеранот Алберто Џилардино.

Човекот акробација - Маурицио Пиниља

Поранешниот вундеркид на чилеанскиот фудбал се препороди со маестралните ножички кои станаа заштитен знак на неговата игра, потег со кој редовно ги матира голманите.

Ултрас Палермо - чувари на Сицилијанската традиција

Во срцето на Сицилија единствено нешто околу кое се обединуваат различните култури, националности и вери е фудбалскиот клуб Палермо.

Нова убава вест за навивачите на Јувентус

Освоија скудето, ќе играат во финалето на италијанскиот куп и во Лигата на шампионите. И кога се чини дека тука е границата, управата на Јувентус на своите тифози им подари уште една причина за задоволство. Потпиша 5-годишен договор со напаѓачот на Палермо, Аргентинецот Пауло Дибала.

Пауло Дибала конечно ја оправда довербата

Аргентинецот сезонава даде 5 голови за Палермо, по што селекторот на Италија, Антонио Конте изјави дека го планира за следниот собир на Аѕурите во март следната година.

Кога игра Палермо чуда се случуваат

Гледачов или е со некој помал здраствен проблем па може малку да потстане или мами за да не плати карта. Ако сакате верувајте и во нешто трето.

По една клоца за Блатер и Платини

Контроверзниот газда на италијанскиот фудбалски клуб Палермо, Маурицио Ѕампарини повторно сака да биде во центарот на вниманието па реши да ги критикува Сеп Блатер и Мишел Платини.

Ѕампарини си игра мајтап со тренерите

Претседателот на Палермо продолжува во ист стил со политиката на менување на тренери. По вчерашното отпуштање на Алберто Малезани кој издржа само три кола на Сицилија, Ѕампарини повторно го врати Џан Пјеро Гасперини кој беше избркан пред три недели.

Грешката не е во тренерите

Резултатите покажуваат дека откако најстрогиот претседател Мауро Ѕампарини, кој е познат по постојаното отпуштање на тренери, го продал најдобриот фудбалер на Палермо Хавиер Пасторе, сицилијанскиот тим драстично паднал.

Евроголот на Миколи

Капитенот на Палермо постигна хет-трик при победата од 4:1 над Киево, а последниот негов гол беше вистинско ремек-дело од 40 метри.