Таг: олимпик марсеј

Два многу јаки дриблинзи од француското дерби

ПСЖ го освои синоќа Велодром и стигна до 11 од 11 во француското првенство. На мечот паднаа два гола, ама и два дриблинзи кои мора да ги издвоиме.

Одиш на гостување во ЛЕ и пред хотел ти оставаат свинска глава

Лацио освои 3 важни бодови против Олимпик Марсеј, ама како мина целото тоа гостување за Италијанците во Франција, среќа што останаа живи и здрави. Нападнат бил клупскиот автобус на гостинскиот тим на кој му скршиле два прозори.

Како Наполи и олеснал на Ѕвезда да стане европски првак

27 години по европската титула, Црвена Ѕвезда вечерва се враќа на најголемата клупска европска сцена. На финалето во Бари 91-ва на пенали го совладаа Марсеј, а знае ли Илија Најдоски дека за малку на тој меч ќе го чувал фудбалерот по име Диего Армандо Марадона?

Што волеј ќе беше овој на Паје?

Олимпик Марсеј го декласираше Генгамп со 4 гола постигнати за 26 минути во вториот дел. Вториот на мечот е дело на Димитри Паје кој влегува во сериозна трка за гол на сезоната во Франција. Е-В-Р-О-Г-О-Л.

За животот на Јазид Зидан

Од заебаните гета на Марсеј каде харале криминални банди малиот Зинедин го извлекол еден човек кој работел како скаут за фудбалскиот клуб Кан од каде Зизу ќе ја почне неверојатната кариера.

Навивач на Марсеј се истепа со телевизорот

Овој навивач на Олимпик Марсеј многу тешко го поднесе или поточно не го поднесе поразот во финалето на ЛЕ од Атлетико. Телевизорот така добро го среди, што сега не проаѓа и кај „старо купујем“. Му влезе со дрво, со нога, па и со глава, а додека се караше со камерата неколку пати стана за да го докрајчи. Мора да го видите и крајот.

Гризман и Атлетико шампиони во Лига Европа!

Екипата на Диего Симеоне кој и вечерва издржуваше суспензија па беше на трибините, по трет пат ја освоија Лига Европа откако го декласираа Марсеј со 3:0 (1:0).

Марсеј, па остатокот од земјата

Навивачите на Олимпик Марсеј, единствениот француски клуб кој донел европски трофеј во земјата, го сметаат својот град за престолнина. Не го можат Париз ниту пак ПСЖ и вечерва се спремни да побудалат од среќа ако го победат Атлетико Мадрид во финалето на Лига Европа.

Нова судиска грешка - до кога веќе?

Сезонава судиите во двете најголеми европски натпреварувања направија еден куп кардинални грешки. Вечерва Салцбург надомести големи 2-0 против Олимпик Марсеј, макотрпно се избори за продолженија а таму судиите на Французите им дадоа непостоечки корнер после кој Марсеј постигна злато вреден гол за финале.

Флориан Товен во ракометарско друштво со Марадона и Кутроне

На контроверзните судиски одлуки во Лига на шампиони се приклучува и Лигата на Европа. Олимпик Марсеј синоќа постигна гол со рака, несанкционирана од судиите.

Навивачите на Марсеј се родени за шоу

Кога Олимпик Марсеј игра вакви важни натпревари во градот е празник. Човек не знае дали повеќе да се восхитува на атмосферата што ја направија на мечот или по него. Остварија водство од 2:0 на првиот полуфинален дуел од ЛЕ против Салцбург, а по оваа снимка пред Велодром некој ќе помисли дека веќе ја освоиле.

Атлетико се провлече, Марсеј близу финалето во Лион

Првиот меч од „финалето пред финалето“ меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид донесе бурни 90 минути со два гола, две исклучувања и многу шанси. Во Франција Марсеј потврди дека е решен да оди до крај.

Лацио декласиран од Салцбург, Ристовски до пирова победа

Римјаните во само четири минути примија три гола и упропастија сè што макотрпно градеа цела сезона во Европа. Нашиот репрезентативен бек одигра одлични 79 минути во триумфот на Спортинг против Атлетико Мадрид.

Во Билбао и Лион повторно хулигански нереди

Навивачите на Марсеј кои допатуваа во Баскија на реванш мечот од Лига Европа против Билбао, направија сериозни инциденти надвор и на стадионот во чија близина пред две недели почина специјалец на шпанската полиција.

Ристовски одличен, неговиот Спортинг пред четвртфинале

Македонскиот репрезентативец одигра 90 минути во триумфот на „Лавовите“ од Лисабон против Викторија Плзењ од 2:0. Марсеј ја отвори вратата од четвртфиналето на Лига Европа.

Врвниот стрелец кој паѓа во несвест од возбуда на сред терен

Еден од подобрите француски напаѓачи на денешницата, Бафетимби Гомис има прилично необјаснив случај - каде и оди дава голови, но кога менува средина паѓа во несвест. Лекарите велат дека ова е единствен ваков случај за професионален фудбалер.

Моќна кореографија на Парижаните

Фудбалерите на ПСЖ му одржаа лекција на Олимпик Марсеј во големото француско дерби, а за да покажат кој е газда во Франција излегоа со кореографија од цртаниот филм „Драгон бол“.

Врвна најава за француското дерби!

Благодарение на тренерот Руди Гарсија, Олимпик Марсеј после неколку сезони се враќа на старите патеки и рамномерно се бори за врвот во Лига 1 а одлично игра и во Лига Европа. Вечерва го играат реваншот од Лига Европа против Брага каде бранат 3 гола, а во недела еве што ги чека во домашното првенство:

Сторија за таксистот што заигра за Олимпик Марсеј

Фабрис Апрузес денес има 33 години, но неговиот живот практично не е променет. Игра аматерски фудбал, се вратил на работа во една од најголемите поштенски компании во Марсеј и докажал дека љубовта и огромното самопожртвување можат да направат чуда.

Евра доби порака од навивачите на Марсеј

Откако грубо со нога удри еден навивач на тимот за кој игра, Патрис Евра на денешниот меч Марсеј - Каен (5-0) доби ’пригодна’ порака.

Евра се степа со своите навивачи на гостински терен

Навивачите на Марсеј гневни на лошите игри на својот тим ги нападнаа играчите на загревањето пред мечот со Виторија Гимараеш.

Нејмар и хулиганите од Марсеј

ПСЖ едвај извади бод на големото дерби против Марсеј на гости а тензијата беше толку голема што во еден момент додека Нејмар се спремаше да изведува корнер, од трибините полета сè и сешто. Бразилецот во 87’ минута доби втор жолт картон и беше исклучен.

Денот кога се ореше Дарко, Дарко, Дарко

На денешен ден пред 26 години Црвена звезда го победи Олимпик Марсеј во финалето на Купот на европски шампиони (денес Лига на шампиони) и влезе на вечната листа на освојувачи на овој трофеј.