Таг: новак ѓоковиќ

Ноле пак ли судијата?

На Ѓоковиќ му се повтори УС Опен и на Ролан Гарос. Нов Гренд Слем, нов удар со топче и тоа овој пат не во врат, туку во лицето на судијата. Но во оваа ситуација помина без казна, бидејќи беше во жарот на борбата и се обидуваше да врати еден удар.

Мурињо: Ѓоковиќ тоа го прави секој ден, ние ретко

Начека Жозе „крв и месо“ па го удри Манчестер Јунајтед до крај. На семафорот на „Олд Трафорд“ синоќа околу 19:30 часот стоеше резултат 1-6, исход каков што тој стадион скоро никогаш во историјата да не видел. Коментаторот на Спортклуб го прашува Мурињо после мечот, што е со оваа победа во стил на Ѓоковиќ со 6:1 во тениски сет.

36 Мастерс титули на Ноле во 36 секунди

По лавината критики кои ги доби за ненамерниот удар со топче врз судијата, најдобриот тенисер во светот им се врати на трофеите на најдобар можен начин. Стана рекордер по број на Мастерс титули, примат кој го делеше со Надал. Рим го освојува по петти пат во кариерата.

Ѓоковиќ го освои рекордниот 36-ти Мастерс во кариерата

Во последните неколку години Новак Ѓоковиќ отворено зборуваше дека сака да испише историја и да ја заврши кариерата како најтрофеен тенисер. Главна цел му е рекорд по број на титули на Гренд Слем и по број на недели по ред како прв на ранг листата.

После 14 години, се огласи детето кое Федерер го погоди со топче

Страстите околу дисквалификацијата на Ѓоковиќ уште не стивнуваат во тенискиот свет. Сега таа одлука на организаторите на УС Опен ја прокоментира и Хит Џејмисон, на времето дете коа Роџер Федерер со сета сила го погоди во тек на еден меч.

Да, двојни аршини се

Навивајте си вие едни за Ѓоковиќ, други за Федерер и за кој друг сакате, ама не може да не учите што и како треба да објавуваме, кога некои од вас уште на цивилизирана дебата не се научија. Како вика Марјанчо, знаеш како? Пиши од почеток.

А Федерер кога го удри детето?

Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС опен, одлука која според многумина е престрога, бидејќи светскиот рекет број 1 без намера ја погоди судијката со топче. Тие што се на негова страна потсетија на еден момент кога Швајцарецот исто така без намера, го погоди детето кое собира топчиња и сето тоа помина на шега без никаква казна. Се случи на Австралија опен пред повеќе од 10 години.

Ексцес на УС Опен, Ѓоковиќ дисквалификуван

Најдобриот светски рекет е дисквалификуван во 1/8 финалето на УС Опен на мечот против Шпанецот Пабло Карењо-Буста, откако со едно топче ја погоди линиската судијка во врат, а таа падна и почна да се гуши па Новак притрча да ѝ пружи помош ама организаторите набрзо го дисквалификуваа.

Ѓоковиќ го одра грлото од дерење кон своите

Колку што знае да биде забавен, толку знае и да биде заебан. Новак го мина лесно Дамир Џумхур во првото коло од УС Опен, а во еден момент го истури бесот кон некој од својот стручен штаб, викајќи „Кажи му да седне“.

Шпански тенисер му зема брилијантен поен на Ѓоковиќ

Светскиот тенисер број 1 се спрема за УС Опен во Шпанија, а на еден од подготвителните натпревари се сретна со 21 годишниот Алехандро Давидович Фокина. Тој е 97-ми на рангот на АТП, ама тоа не го спречува да го изведе тешкиот удар наречен „твинер“, на што се воодушеви и Новак.

Новак и ти ли се грееш на дрва?

Ерлинг Халанд пред неколку објави фотка како сече дрва со татко му во Норвешка за на зима. Еве го сега и Ѓоковиќ кој на рамо со татко му носат два тешкаши. Некои медиуми пишуваат дека ова му било само тренинг.

Неповторливото финале меѓу Федерер и Ѓоковиќ на кое и двајцата го заслужија пехарот

Да ве потсетиме што правевте лани на овој ден? Седевте 5 часа пред телевизор со препотени раце од возбуда и јанза, кој дали ќе победи вашиот идол од двајцата великани без кои тенисот никогаш повеќе нема да биде ист.

И Ѓоковиќ е позитивен на Ковид 19

Стигнаа резултатите од тестирањето на тенисерот број 1 во светот, кои се сосема очекувани. Заразена е и неговата сопруга Јелена.

Организирајте уште една Адрија Тур, не фаќа вирусот на тенис

Нема спорт кој не беше стопиран откако почна да се шири. Европско се одложи, потоа Олимијада како планетарен собир, Британците Вимблдон го одложија, традиција стара 140 години. Ама нема ова Балканов е посебно поднебје, а тврдоглав до крај остана и Новак.

Новак растури во диско

Ѓоковиќ организираше хуманитарен турнир во тенис „Адриа Тур“, на кој учествуваа Доминик Тим, Григор Димитров, Виктор Торицки, Александер Ѕверев, а потоа следуваше приватна забава во диско на која се знае кој беше глав протагонист.

Реакцијата на Новак кога го добива првиот рекет на 4 години

Прво му даваат микрофон, ама го нејќе. Но потоа кога ќе му го покажат изненадувањето, не можат да го сопрат од пеење. Излегува надвор со рекетот и еве го и ден денес не застанува. Уште од тогаш се видело што сака во животот.

Ѓоковиќ не би примал вакцина против Ковид-19, епидемиолозите му рипнаа

Во опуштен разговор со неколку српски спортисти преку видео повик, Новак Ѓоковиќ изнел негативен став за задолжителното вакцинирање против Ковид-19 како услов за патување и настап на тениски турнири.

Ѓоковиќ донирал средства за Бергамо, Италијанците воодушевени

Светскиот рекет број 1 ѝ помогнал на земјата која многу ја сака, чиј јазик го зборува перфектно и каде има милиони свои навивачи.

Вимблдон кај Ноле дома со тавчиња

Турнирот се одржува во дневна соба со тавчиња за пржење јајца, а мрежа им се столовите. Се игра течно и неизвесно, а Ѓоковиќ на пријателчето му запна на мрежа и му го зема гемот.

Ѓоковиќ: Скопје и Охрид ми се на список за посета

Често го гледаме на интервјуа и пресови, ама да го начека наш човек на разговор не е мала работа. Не само затоа што е рекет број 1 во светот, бидејќи денес е во Мелбурн, утре Дубаи, Лондон, Париз, Њујорк...Оди најди го слободен во Белград.

Ѓоковиќ го закача Иванишевиќ на спиење

Најдобриот тенисер во светот е на пат кон Дубаи каде го чека нов турнир кој стартува на 24-ти. Неговиот тренер Горан Иванишевиќ се обидува да врзе сон во авион, ама оди спиј да те видам покрај лик како Новак.

Ѓоковиќ се проба во мраз студен поток

Најдобриот светски тенисер на својот Инстаграм објави видео како влегува во мраз студена вода во еден поток во Италија. На ова го инспирирал екстремниот спортист Вим Хоф а со него во вода влезе и некој негов другар Константин.

Ѓоковиќ се симнал пред зграда и поиграл тенис со комшиите

Најдобриот тенисер на светот во понеделникот вечерта ги изненадил сите деца од соседството во населбата Нов Белград, кога се симнал пред зградата во која неодамна купил стан и заиграл тенис со нив.

Новак пак се отвори на бина

Сан Ремо му беше само загревање. Овој пат имаше подолг настап во дует со жена му, а ја изведоа популарната „Чоколада“ од група Идоли на настан организиран од страна на неговата фондација. Не бе, знае да ужива и кога не држи рекет в рака.