Овации за поразениот Ѓоковиќ на кој Њујорк му го стопли срцето

Најдобриот тенисер во светот кој е број 1 на АТП рекордни 338 недели, не успеа да ги врзе сите четири Грен слем титули во една година и да стигне прв до историска бројка од 21.

Даниел Медведев како втор носител, го уништи Ѓоковиќ со 3:0 (6:4, 6:4 и 6:4) за време од 2 часа и 17 минути и ја освои првата Грен слем титула во кариерата.

Со овој триумф тој стана првиот руски тенисер кој успеа да дојде до Гренд слем по 2005 година. Претходно тоа му успеа на Марат Сафин на Австралија Опен, каде во февруари годинава токму Медведев го загуби финалето од Србинот.

И покрај тоа што публиката во Њујорк очекување синоќешната вечер да биде историска за тенисот, сепак го награди Новак со големи аплаузи, овации и банер на кој стоеше

„Ви се допаѓа или не, тој е најдобриот на сите времиња“.

Моментот при крај на мечот кога Њујорк згрме за Ѓоковиќ

Банерот и солзите

„Иако не го добив мечот, срцето ми е полно и јас сум најсреќен човек на светот, бидејќи направивте да се чувстувам посебно на теренот. Никогаш не сум се чувствувал вака во Њујорк“.

Шампионскиот поен на Медведев

Дел од неговиот говор

И од говорот на Новак

Кој имаше во публика

Во женското финале неверојатна сензација направи 18 годишната Ема Радукану. Приказната за нејзе ја имате тука

13 септември 2021 - 08:33