Новак Ѓоковиќ вечерва против Зверев ќе брка финале кое може да му донесе историска 21-ва Грен слем титула. Паралелно во женска конкуренција на УС опен на повидок е светска сензација, која веќе и може да кажеме дека ја има.
Последната битка ја закажаа две девојки кои како анонимуси, стигнаа до историски миг и во своите кариери и општо во тенисот, бидејќи формираа финале кое ќе биде прво од стартот на Опен ерата 1968-ма, кое ќе се игра со две нерангирани учесници.
Британците се импресионирани од нивната претставничка која може да им донесе триумф по пауза од 45 години. Се вика Ема Радукани, има само 18 години и внимавајте добро, стигна до финале како 150-та на ВТА листата од и тоа од квалификации, без ниту еден загубен сет.
(Teenage) dream final. pic.twitter.com/iKZkHuLAne
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2021
Ема тоа го направи со импресивна серија од девет меча. Во четвртфиналето ја совлада олимписката шампионка Белинда Бенчиќ од која загуби само седум гемови, а во полуфинале ја елиминираше Марија Сакари со 6:1 и 6:4. Кога го освои последниот поен, не можеше да поверува каков успех направи.
Инаку младата Британка која во ноември ќе наполни 19 години, професионалната кариера ја почнала на 16 во 2018-та. Пласманот во финале има уште поголема тежина поради уште еден силен факт.
Поради коронавирусот била надвор од натпреварувачки ритам 15 месеци и се вратила откако добила специјална покана за учество на Вимблдон. И после толку голема пауза без натпревар, никој до сега не успеа сет да и земе.
Инаку сторијата на Ема е следна. Родена е во Канада, земјата на нејзиниот следен ривал. Татко и е Романец, а мајка и Кинескиња. Во Англија се преселиле кога имала 2 години, а почнала да тренира на 5.
До сега два пати има играно во првото коло на Вимблдон, а годинава стигнала до четврто коло, за сега да се бори за трофеј на нејзиниот четврти Грен слем настап.
Британците веќе предвидуваат дека може да стане светска ѕвезда во женскиот тенис, а Сан тврди дека ќе биде најголема спортистка во историјата на оваа земја.
„Нејзината насмевка сега вреди 3 милиони фунти, а ако продолжи вака ќе заработи над 100 милиони. Освен на терен, таа ќе биде голем хит за брендови како облека, спорт, здравје, фитнес...Секој ќе сака да потпише договор, бидејќи нема друга како неа. Таа има посебна аура“, пишува познатиот таблоид.
Инаку агент и е Макс Ајнсбург, човекот кој и помогна на Марија Шарапова да заработи преку 200 милиони фунти од договори со моќни компании.
Ако Ема успее утре да слави би влегла во топ 25 на ВТА.
The point that changed @EmmaRaducanu's life. pic.twitter.com/k65yVd7xMo
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2021
Hasn’t lost a single set in reaching the final. Even in an Olympic year, if this young superstar wins the final it will be the greatest British sporting achievement of the last 12 months….make that the last 12 years. https://t.co/QR9fIDFSCq
— Gary Lineker 💙 (@GaryLineker) September 10, 2021