Во освојувањето на нејзиниот Грен слем во Њујорк не само што не верувал никој, туку и самата тенисерка, која имала резервирано лет за дома уште пред две недели.
По пауза од 22 години, на Грен слемот во Њујорк ќе има тинејџерско финале. Лејла Фернандез (19) од Канада против Ема Радукану (18) од Велика Британија. Ова што го прави Ема е неверојатно. Стигна до финале како 150-та во свет и тоа без загубен сет.