Да, уште од времето прв на памет ни паѓа Магзи Бокс, ама одразот со кој Спад Веб и Нејт Робинсон скокаа и виткаа обрачи беше нереален. Сега во Колеџ лигата во САД имало некој Џуниор Робинсон што куца како да е Суден ден.
Официјалниот фејсбук на НБА објави видео запис од разговорите меѓу тренерот на Голден Стејт Стив Кер и ѕвездата на клубот, Стеф Кари кои биле водени за време на дуелите последните сезони.
Еден од најголемите кошаркари на сите времиња доби анимиран филм снимен и произведен од врвните мајстори на материјата Глен Кин и Џон Вилијамс. Самиот Коби рецитира во цртаниот филм којшто е маестрален.
Во НБА играше цели 19 години за 6 тима и важи за еден од најдобрите центри кои оваа лига ги видела. Немаше средба а Шек да не направи потег што ќе го одбележи мечот. Така беше и во Орландо и во ЛА Лејкерс и во Мајами и во Феникс.
Никола Јокиќ од Денвер му игра еден на еден на Дрејмонд Грин од Голден Стејт. Резултатот е: Дечко оди купи ми Малборо црвено и напиј се нешто од мене. Хаким Олајџувон би се гордеел со потегов.
Речиси ретко кој кошаркар бил толку застапен во регионалните медиуми како што е миленикот и идол на навивачите Перо Антиќ. Нема ден да не се појави на насловните страни.
Роден пред 29 години во Акрон, Охајо, трнирал во средното школо Шарлот Христијан па подоцна и на колеџот Дејвидсон. Секаде му викале дека е мал и дека не го бидува додека Голден Стејт не се реши да го земе како 7. пик на драфтот во 2009. година.
Во НБА лигата играле многу необични ликови, но од самото основање до денес поголеми психопати од Денис Родман и Рон Артест паркетите во најдобрата лига на светот не виделе. А богами и надвор од нив.
Младите и перспективни режисери сериозно би требале да подразмислат за идејата да се сними филм за Србинот Дејан Котуровиќ. Овој некогашен кошаркар стана Европски шампион во 1995 во легендарното финале во Атина, а во 2002 година стана Светски првак откако претходно со СР Југославија сензационално ја победи Америка во четвртфиналето во Индијанаполис. Играше и за Бостон Селтикс во НБА. Пред некоја година на граничниот премин Богородица го уапсија поради тоа што имал неисправни документи за крадено возило по што 3 месеци беше на робија во Идризово. Во последно време се бави со шаманство.
Досега бројката на загинати е 35 луѓе и преку 100.000 загрозени кои останале без струја, без вода или без покрив над глава. Америка е солидарна со настраданите а помагаат и најпознатите спортисти во земјата.
Еден од најдобрите светски кошаркари на денешницата и МВП на НБА финалето 2017, Кевин Дурент изјави дека и во случај претседателот на САД да го викне тимот на Голден Стејт на свеченост во знак на честитки за титулата, тој не би дошол.
По неколку години перипетии, Милош Теодосиќ синоќа ставил потпис на 2-годишен договор со ЛА Клиперс вреден 12,3 милиони долари и конечно ќе се проба во најдобрата светска лига. Што може да очекува?
Синоќа во Бруклин 30 НБА тимови бираа кошаркари во два круга од драфтот, а Филаделфија го избра првиот пик на драфтот Маркел Фелц кој важи за неверојатен плејмејкер.
11 пати играше на Ол-Старот каде 2 пати го бираа за МВП. Прв стрелец на НБА беше 4 пати, а неговиот број 3 беше кренат под сводовите во Филаделфија 76ерс. Со САД освои бронза на Олимпијадата во Атина. Денес има 42 години.
Еден од најголемите тешкаши во историјата на НБА, центарот Бен Волас, The Beast From the East стана шампион со Детроит во 2004-та, а играше уште и за Вашингтон, Орландо, Чикаго и Кливленд. Ќе го паметиме по страшните забивања и ѕверски блокади.
На 14. јуни 1998-ма се играше Game 6, решавачкиот дуел во финалето на НБА меѓу Јута Џез и Чикаго Булс. Мајкл Џордан за последен пат го носеше дресот на Чикаго а тоа што го направи на 5.2 секунди до крајот, пред гостинска публика е најлегендарен момент во светската кошарка.
Доминација како оние на Бостон во ’60-те и ’80-те, Шоутајмот на Лејкерс, Булс на Џордан и Сан Антонио Спарс на Грег Поповиќ, со тоа што Леброн Џејмс е првата индивидуална династија во НБА.
Кулминацијата во НБА дојде до точка на топење: Раководството на лигата ги соопшти датумите за финалните средби кои започнуваат од 1. јуни и во кои Стефон Кари и Дурент го чекаат подобриот од дуелот Кливленд - Бостон на Истокот.