Таг: млс

Гол во МЛС со порака до американскиот конгрес и пукањето

Фудбалскиот натпревар меѓу ДС Јунајтед и Филадејфија Унион донесе една необична ситуација по повод масовните вооружени напади во САД во кои загинаа многу луѓе. 

Златан ги попари со лудачки хет-трик ЛА и Вела со се тренерот

Да не се фати човек со Ибра ни на терен, ни на интервју, бидејќи тоа што ќе го каже за себе ќе го докаже на терен. Ладнокрвно, без проблем и тоа во градско дерби, баш онака јуначки како што умее.

Руни по свое

ДС Јунајтед со 1-4 го згази Синсинати на гости, а еден од головите беше дело на Вејн Руни кој го даде 11-от погодок сезонава во МЛС лигата во САД.

Нов блесав гол со ножички на Ибрахимовиќ

Неговиот ЛА Галакси изгуби дома 1-2 од Њу Ингланд, но голот кој во 84’ минута го даде Златан за домашните ќе биде прогласен за најубав во Америка а и пошироко.

Луди одбрани на канадски голман

Неговиот тим Ванкувер Вајткапс изгуби дома 0-1 од Атланта, а можеше да изгуби многу поубедливо ако не беше Максим Крепе.

Руни го предизвика Ибрахимовиќ

Со три гола за неговиот ДС Јунајтед против Солт Лејк (5:0), некогашниот капитен на Манчестер Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација потсети на старите добри изданија.

Во САД првпат се играше прволигашки фудбал на -7 степени

Во саботата на 2 март стартуваше регуларниот дел од сезоната во МЛС - најдобрата американска фудбалска лига. Фокусот го привлече мечот во Денвер, меѓу Рапидс и Портланд Тимберс.

Какво време дојде - американски фудбалери наголемо се селат во Бундеслига

Чудесниот талент Кристијан Пулишиќ кој игра за репрезентацијата на САД и неодамна потпиша договор со Челси (ќе оди на лето), го потегна бранот на кој еден куп млади таленти од Америка доаѓаат на усовршување во Германија.

МЛС 2008 vs МЛС 2018

Најквалитетната фудбалска лига во САД има сериозно добар напредок во период од само 10 години. Бројките кои ги постигнале за една деценија се фасцинантни и пример како се успева кога ќе запне човек да работи. А знаете дека фудбалот не им е спорт број 1.

Многу е добро како Американците си го замислуваа фудбалот во 90-те

МЛС е најновата реинкарнација на американската прва фудбалска лига. Основана во 1993 (пред Мундијалот во САД), а првата сезона почнува во 1996. И одејќи по логиката дека они ќе го унапредат светскиот фудбал, во првата сезона решаваат да воведат сопствена верзија на пенал серијата.

Со првите два удари на дебито во САД Ибракадабра направи лудачки пресврт

Лос Анџелес е во целосен транс со првиот настап на Златан. Дојде, потпиша, влезе во игра во второ полувреме и го реши градското дерби на маестрален начин.

Себа Џовинко во Америка како Меси во Европа

Иако е висок само 163 сантиметри, ’Атомската мравка’ од меч во меч докажува зошто важи за главна ѕвезда во МЛС. Во дресот на Торонто синоќа постигна еврогол од слободен удар против мексикански Тигрес и го внесе својот клуб во полуфинале на американската Лига на шампиони.

Пат од 30.000 километри за да присуствува на историја

Оваа приказна не е за Барса, Реал или Манчестер, туку за новиот фудбалски клуб Лос Анџелес кој има верен еден фан во Австралија. Тие уште не заиграле во лигата, а тој си резервирал карта пред 10 месеци.

Џовинко нема милост во американската лига

Знаете ли колку погодоци има Себастијан Џовинко во МЛС? 65 за три сезони. Италијанскиот голгетер се изнаигра и се изнадави голови во САД и со оглед на квалитетите кои ги има веројатно рано му беше да оди на 28 години во фудбалска лига која е далеку под водечките во светот. Погледнете како го прави тоа, како да е пердуф лесно.

Си била Серија А и денар не потрошила за играчи

Најдобрата италијанска лига е зад англиската втора дивизија на табелата на потрошени средства за трансфери во јануарскиот преоден рок. И зад американскиот МЛС.

Тренерот на Џовинко во ултрас фазон

Екипата на Торонто ја освои Источната конференција во МЛС лигата и втора година по ред во финале ќе се пресмета со Сиетл од кого загуби лани. Себастијан Џовинко им е прв стрелец со 16 гола, а тренерот Грег Вани им е најјак навивач и спремен за водач. Кој знае што ќе прави ако слават во финале.

Сторија за насмеаното дете од Копакабана

Бразилецот Кака се опрости од МЛС лигата и е близу до завршување на кариерата. „Веќе не уживам во играњето фудбал зошто имам болки после секој меч“. Што не знаеме за сјајниот Бразилец?

Реклама со фудбалери во САД на која под итно ѝ треба „delete“

Погледнете ги со време овие залудно потрошени 15 секунди со играчи кои настапуваат во МЛС лигата, бидејќи од што е глупаво видео, сигурно наскоро ќе биде тргнато од интернет. Па ова е човече клип како од Нинџа Желки.

Судија не ги послуша помошниците и беше во право

Во целиот свет се води дебата ’за’ и ’против’ видео-повторувања на спорните моменто. Но постојат и примери кога до евентуално видео повторување сите би го пцуеле судијата дека направил грешка, а тој одлично ја проценил ситуацијата со ’голо око’. Во МЛС лигата, напаѓач на Чикаго Фајр даде гол кој секој би рекол дека е офсајд, но судијата се виде и голот беше регуларен и чист.

Американско навивање на фудбал

Во моментот кога стоперот на Њујорк Сити, Шано се жалеше на повреда, навивачите на Орландо пееја «Move, bitch, get off the pitch!» рефрен од песната Move Bitch од Ludacris.

Фреди Аду - Од нов Пеле до продавач на правосмукалки

Компанијата Најк го прогласи за најголемиот фудбалски талент во историјата на САД и на 14 години му даде милион долари за спонзорство. Го споредуваа со Пеле, играше во Монако и Бенфика, а кариерата му се тумбаше по селата во Турција и Србија.

Најзабавното од МЛС за годината

Работите не одат секогаш според планираното, се вели во описот на ова видео кое покажува дека Американците имале еден куп интересни работи за издвојување од фудбалот во 2016-та. 

Какво било секојдневието на телохранителот на Пеле во ’70-те

Во период кога Пеле бил попопуларен од Мухамед Али во САД, обожавателите не му давале мир и влегувале на терен да земат автограм од него и да се сликаат со Бразилецот. За неговата безбедност тогаш се грижел 160 сантиметри високиот Кубанец Педро Гарај.

Како Американците шутираа пенали во ’90-те

Во ’94-та Американците го организираа фантастичниот Мундијал, но европската варијанта на фудбал уште им беше недоволно позната. Во ’96-та стартуваше првата сезона на МЛС, а една од опциите за анимирање публика беше и изведувањето пенали. Шутерот тргнуваше на 35 метри од голот и имаше пет секунди да шутира. Ваквиот глупав начин на шутирање пенали беше укинат во 1999-та година.