Себа Џовинко во Америка како Меси во Европа

Иако е висок само 163 сантиметри, ’Атомската мравка’ од меч во меч докажува зошто важи за главна ѕвезда во МЛС. Во дресот на Торонто синоќа постигна еврогол од слободен удар против мексикански Тигрес и го внесе својот клуб во полуфинале на американската Лига на шампиони.

***

Во полуфиналето од КОНКАКАФ Лига на шампиони, Торонто ќе игра веројатно против гигантот Клуб Америка од Мексико кој вечерва го игра реваншот против Тауро. Првиот меч завршил 4-0 за Мексиканците чијшто легендарен стадион „Ацтека“ има капацитет од 87.000 места.

 

14 март 2018 - 11:26