Таг: милан

Незаборавната јануарска петарда во Дерби дела Мадонина

Деметрио Албертини 1:0, Маурицио Ганц 2:0, Дејан Савичевиќ 3:0, Франческо Колонезе 4:0 (автогол), Стеинар Нилсен 5:0. На денешен ден пред точно 23 години Милан му го нанесе на Интер еден од најтешките порази во дерби пресметките. Какви имиња, какви времиња.

На коментаториве на Милан да не им ставаат нешто во пијачка

Лудиот Тициано Крудели, она италијанско чиче со бркчиња што сигурно некогаш сте го слушале како урла на голови на Милан, сега како да има замена. Се вика Мауро Зума, работи како контент советник на Милан ТВ каде одвреме-навреме коментира.

Сите 106 гола на Милан во 2020-та

По разни перипетии, Ралф Рањик не дојде во Милан. Во клубот останаа Малдини и тренерот Пиоли и росонерите одиграа тотално неверојатна 2020-та година. Доминираат во италијанскиот фудбал во новата сезона, а продолжија и рекорди од минатата.

Навивачите на Милан се во транс

Единствената екипа сезонава во Серија А без пораз по 14 одиграни кола останува Милан. Росонерите се во топ форма со 10 победи и 4 нерешени, а вечерва го совладаа Лацио 3:2 со гол во судиско. Навивачите го запалија градот.

Леао од Милан го постигна најбрзиот гол во историјата на Серија А

Фудбалерите на Милан продолжија со победите , а на мечот со Сасуоло го постигнаа и најбрзиот гол во историјата на Серија А.

А како па се осеќа Милан во моментов?

Го прашале Тео Хернандез што мисли од позиција на лидер во Серија А без пораз, за успехот на Интер сезонава во Лига на шампиони, а тој одговорил:

Понеделничко утро во кое се потсеќаш кај си со Милан на табела

Росонерите под водство на Пиоли изгазија после првите 10 кола во Серија А. Скорот им е 8 победи и 2 нерешени, а на табела се лидери со +5 од Интер и +6 од Јуве и Наполи. Чисто за да ви биде појасно зошто младиот Белгиец Алексис Салемакерс, кој настапи на сите 10 средби, вака го почна денот.

Го нема Ибра, го има Хауге, норвешкиот бисер кој прави дар-мар

Јенс-Питер Хауге има 21 година. Во Милан дојде пред пар месеци кога со својот Молде одигра фантастичен меч и постигна еврогол во плејофот за Лига Европа. Малдини и управата буквално не го пуштиле малиот да си оди назад затоа што решиле преку ноќ да потпишат договор со него. И веќе им се исплати.

Ајде на тренерот да му вртиме во карантин

Милан не памети ваков старт во Серија А изминативе години. Ја совладаа Фиорентина без Ибра и сега имаат скор од 7 победи и 2 нерешени. Тоа се +5 од Интер и Сасуоло и +6 од Јуве, Наполи и Рома. Кеси му направи изненадување на Пиоли со кој створија хемија.

Тема на денот е 39-годишниот Ибрахимовиќ

Фудбалерите на Милан како да не се зафркаваат кога спомнуваат борба за самиот врв до крајот од сезоната. Синоќа глатко го нокаутираа Наполи во Неапол 1-3 со 2 убави гола на Ибрахимовиќ и 1 на младиот норвешки бисер Јенс Хауге. Златан и нашиот Пандев што се постари, толку подобро играат.

Двојникот на Пиоли - им обеле коса, исто се носат, во исто време оќелавеа

Приказната за дружбата на Стефано Пиоли и Џакомо Мурели е интересна од неколку причини. Вториов му е помошник на првиот веќе 16 години а во тоа време се како близнаци.

Кој е 23-годишниот Турчин кој го уништи Милан на Сан Сиро со 3 гола?

На најдолгата серија без пораз на Милан во последните 24 години ѝ дојде крај. Тимот предводен од Пиоли не изгуби од 8 март (18 победи и 6 нерешени). Ама во четвртокот вечер им пристигна Јусуф Јазичи.

Малиот што Зидан го пушти во Милан имаше ролинг на вечерта

Фудбалерите на Милан стигнаа до неверојатна серија од 23 меча без пораз во сите натпреварувања (18 победи, 5 нерешени). Синоќа лагано со 3-0 ја победија Спарта Прага во Лига Европа и веќе имаат 6 бода. Брахим Диаз на 2 меча има 2 гола, а дојден е на позајмица од Реал Мадрид.

Има 21 година а веќе 6-та сезона незаменливо го брани голот на Милан

На 25 октомври 2015 година Синиша Михајловиќ реши да му даде шанса на 16-годишниот Џанлуиџи Донарума кој дебитираше за Милан во Серија А на мечот против Сасуоло (2:1). Од тогаш стана незаменлив голман на росонерите.

Леао со потег „овој ли е тој Хакими“?

Предовдени од ѕверот Златан Ибрахимовиќ, фудбалерите на Милан го победија Интер со 2:1, а меѓу подобрите на теренот во црвено-црн дрес беше и Португалецот Рафаел Леао.

Еден град, два света - кој е домаќин и главен во куќата?

На 17 октомври во 18 часот во рамки на 4. коло од Серија А се игра големото градско дерби Интер - Милан. Двата клуба во моментов статистички имаат најдобри резултати и најдолга серија без пораз меѓу сите тимови во Италија.

Коментаторот со кој треба да ги гледате пеналите на Милан - Рио

Како страствен навивач на Милан се пали на головите како да е ова финалето Милан - Јуве во ЛШ 2003-та кога ја реши Шева на пенали, а не плејоф во ЛЕ. На головите на Милан царот вришти навивачки, а на головите на Рио е тивок и разочаран. На крај очекувано одлепува.

Епски пенал рулет меѓу Милан и Рио Аве со 24 удари

Иако според имињата, тоа требаше да биде лесен триумф за фаворитот од Милано во ЛЕ, сепак во Португалија имаше драма која почна во продолженија и заврши на пенали. Ако потраеше уште малку и на тренерите ќе им дојдеше ред за шутирање.

Зошто големиот Ван Бастен траеше толку кратко?

Роден во Утрехет на 31 октомври 1964, Ван Бастен почнал да игра во локалните клубови ЕДО, УВВ и УСВ Еливајк. На 16 години како голем талент доаѓа во фамозната школа на Ајакс и тука почнува неговата славна кариера.

Тонали, Киеза, Донарума, Ромањоли - се гради ли најталентиран италијански Милан?

Откако благодарение на Малдини и големата љубов на Тонали кон Милан, овој талентиран бисер го одби најголемиот ривал Интер и потпиша со росонерите, сега клубот од Сан Сиро се врти кон уште еден талент.

Големиот Милан од 2000-те години веќе дава големи тренерски имиња

При погледнување на некоја фотографија од времето на моќниот Милан кој играше 3 финалиња на Лига на шампиони, освои пар скудета и имаше многу легендарни фудбалери, носталгија ги фаќа не само навивачите на росонерите туку и многу други.

Последното носталгично миланско дерби вредно трофеј

Август е месец кој потсетува на многу Супер куп соочувања, а едно такво се одигра токму на денешен ден пред 9 години. Протагонисти Интер и Милан во Пекинг со големи фудбалски имиња. Единствен кој и сега е во Милано? Ибра. Стрелец? Ибра. Man of the match? Ибра.

Првиот играч што дал најмалку 50 гола и за Интер и за Милан

Со два нови гола во Серија А, овојпат во убедливиот триумф на Милан над Сампдорија 1:4 на гости, Златан Ибрахимовиќ стана првиот фудбалер во историјата на миланските гиганти кој дал по најмалку 50 гола за Милан и за Интер.

Двата гола на семоќниот Златан Ибрахимовиќ

38-годишниот Ибра му донесе нови три бода на Милан кој не знае за пораз по рестартот на сезонат0 (7 победи на 9 меча),  а и има гарантирано место во Лига Европа. Ибракадабра има 8 гола и 4 асистенции по враќањето на „Сан Сиро“ на 17 декември лани.