
Урнаа неколку рекорди меѓу кои најзначајни се оној за постигнати најмалку 2 гола на 15 меча по ред кој од 1948-ма го држел Торино (рекорд во Европа држи Барселона од 1948-ма кога на 18 средби по ред давале најмалку 2 погодоци). Сезонава Милан нема пораз на 14 средби: 10 победи и 4 нерешени со гол разлика 32:16 и со 34 бода е лидер во Серија А.
Лудо звучи и податокот дека росонерите немаат пораз на 20 гостувања по ред. Вкупно Милан нема пораз на 26 меча во серија. Последниот загубен меч на 7-кратниот европски првак датира од 8. март од Џенова дома (1:2, Пандев стрелец на првиот гол за гостите).
Трофејниот клуб од „Сан Сиро“ може да се пофали и со индивидуални остварувања на играчите. Рафаел Леао неодамна го постигна најбрзиот гол во историјата на Серија А (6,2 секунди), Хакан Чаланоглу им создал на играчите најмногу шанси за гол (дури 53), 10 повеќе од второпласираниот Џек Грилиш од Астон Вила. Зад нив се Депај и Бруно Фернандеш со по 41 создадена шанса.