Овие имаат буџет од милијарди фунти, најплатени фудбалери, најдобар тренер на светот, станаа прв клуб во историјата кој освоил тројна круна во Англија (Премиер, ФА Куп, Лига Куп). Ама некако навивачите „пластично“ го бодрат клубот. Пази ова:
Додека биле во базата и на натпреварите биле максимално фокусирани. А излегле од тренинг центарот, не сакал збор да слушне за тоа што направил Ливерпул, не сакал да гледаат пренос, ни да зборуваат за фудбал.
Манчестер Сити ја прослави титулата со своите навивачи на гостувањето кај Брајтон каде победи 1:4 и освои 3 клучни бода за пехарот. Во текот на прославата белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне имаше што да му каже на Пеп Гвардиола.
Готово е. Англиското првенство заврши на неверојатен начин, со борба за титулата до последно коло. Ја освои бранителот на трофејот Сити чијшто тренер стана еден од тројцата кои го направиле овој подвиг.
Откако Ливерпул во последното коло остана без титулата во Премиер лига, која што ја зема Манчестер Сити со убедлив триумф на гости кај Брајтон (1-4), навивачите на Евертон, градскиот ривал на „црвените“ потсетија каде Ливерпул ги изгубил последните бодови во Премиер лига кои го чинеле титула.
Патот на Тотенхем до финалето на Лига на шампиони сигурно ќе биде обработен во некоја епска документарка. Она што им се случуваше уште од групна фаза па се до 8 мај и гостувањето во Амстердам е необјасниво.
Манчестер Сити и Ливерпул се толку јаки и ефикасни сезонава, што навистина ќе биде некако нефер што едниот нема да може да освои титула. На овие две екипи толку добро им оди што стигнаа до еден историски рекорд до сега невиден во 120 години прволигашки фудбал на островот.
Што сè нема да улови човек во денешно време со камери, телефони, таблети. Сити - Лестер вчера беше мртва 70 минути, ама затоа во тој момент напаѓачите добија помош од одбраната. Компани ја офука душмански во агол за конечни 1:0, а еден навивач тогаш напушти. кој знае зошто.
Се мачеа фудбалерите на Манчестер Сити цели 70 минути да го отворат Лестер и на крајот експлозија од радост донесе капитенот Венсан Компани. Не размислуваше многу и со шут од 30-ина метри ја искина мрежата на гостите. Сити освои три златни бода и само 90 минути ги делат од титулата. Во последното коло му гостуваат на Брајтон.
Ќе речеш што се 60 секунди, што може да биде за една минута, ништо. Ама она што се случи на Етихад синоќа беше прав пример како радоста и тагата може кратко да траат.
Лигата на шампионите знае да извади натпревари кои ќе се зборуваат со години и ќе останат во историјата како неповторливи. Такво беше синоќешното лудило кое почна во првите 11, а заврши во последните 2 минути. Епски луѓе, епски четвртфинален меч, а уште не бевме свесни од Ајакс.
Прво не им се веруваше дека Стерлинг ги носи во полуфинале со гол во 93-та, а потоа не им се веруваше дека голот е поништен и ништо од бизнисот. Да не си им во кожа.
Ваква драма како англиското дерби ретко се гледа во Лига на шампиони. 7 гола, признат гол со ВАР за пласман во полуфинале и троа спорен, па поништен гол со ВАР за елиминација и тоа во 93-та минута. Гвардиола во живот не скокал волку од радост и тоа за џабе.
Реваншот меѓу Манчестер Сити и Тотенхем донесе незапамтена драма. После 21 минута резултатот беше 3-2, а на крајот вкупно 7 гола и пласман на Хотспур во големото полуфинале. Ливерпул до врв ја наполни мрежата на Порто.
Уште од 2012-та година и епскиот гол на Серхио Агуеро против КПР во 95’ минута за титула на Манчестер Сити, сезоната во Премиер лигата не била вака енигматична. Како стојат работите, Ливерпул и Сити ќе се борат со последна секунда за вредниот трофеј.
Чекаа, чекаа и конечно дочекаа да гледаат фудбал на неверојатно модерниот стадион на Тотенхем, вреден близу милијарда фунти. Хотспур веќе прослави две победи на оваа Арена, од кои една против Манчестер Сити (1:0) во Лигата на шампионите.
Французинот имал бледа полусезона минатата есен кога се работи за пенали, но затоа во 2019-та година фати неколку исклучително важни пенали, од кои најбитен беше синоќешниот против „граѓаните“.
Првата четвртфинална битка во Лига на шампиони помина со скромни 3 гола. Фудбалерите на Тотенхем обезбедија минимална победа пред реваншот во Манчестер. Ливерпул ќе биде нешто покомотен бидејќи стигна до резултат кој му ветува ново полуфинале.
Со раниот гол на почеток на мечот на Габриел Жезус, и неколку непријатни моменти пред голот на Едерсон, Сити го совлада Брајтон во полуфиналето на ФА Купот и сега го чека уште една битка во финале за освојување нов трофеј сезонава.
Во видео од 3 минути ќе дознаете кои клубови трошеле најмногу пари од сезоната 1991/1992 до сега. Бројкиве се фрапантни. Цели земји од типот на нашата може да се вратат во колосек со овие пари.
Ако вечерва Кристијано Роналдо, како и секој навивач на Јуве побараше режисер за да им го напише најпосакуваното сценарио за реванш осминафиналниот дуел од ЛШ, тоа ќе изгледаше токму вакво. 3:0 и три гола токму на Роналдо против довчерашниот градски ривал. Па има ли послатко?
Околу 2.000 навивачи на германскиот бундеслигаш допатуваа во Манчестер за реваншот од осминафиналето од Лига на шампиони против Сити на Гвардиола. За време на кортеото до стадионот, навивачите на Шалке скандираа „Гелзенкирхен - Скопје“ во чест на пријателството со навивачите на Вардар.
Манчестер Сити му бега на Ливерпул еден бод, а Баерн и Борусија се на исто. Само тука може и треба да се очекува пеколна неизвесност до крај. Во Шпанија Барселона полека ита кон титулата, а во Италија и Франција тие што се втори џабе везат.