Во деновите кога на стоперот на ПСВ Ајндховен, Хектор Морено му стигнуваат закани по живот поради бруталниот старт над Лук Шо, легендата на Јунајтед Рој Кин ги запрепасти навивачите на Манчестер со изјава за фаулот.
Јувентус го совлада Манчестер Сити 1-2 на гостински терен и направи големо изненадување во првото коло од ЛШ. Реал убедлив против Шахтјор, Јунајтед поразен во Ајндховен, лесни победи на ПСЖ и Севиља.
Со натпреварите од првото коло во групната фаза, вечерва започнува 23. сезона на Лигата на шампионите во која никогаш никој не ја одбранил титулата освоена претходната сезона.
Во најголемото дерби на англискиот фудбал, Манчестер Јунајтед го совлада Ливерпул 3-1, но голот на мечот а можеби и на сезоната го постигна Белгиецот Кристијан Бентеке.
Кит Калвин беше уапсен за времето на дербито на Олд Трафорд во 2013-та за наводно напаѓање на полициски службеник, но се испостави дека тоа не е точно.
Како два соседни индустриски градови, Манчестер и Ливерпул уште од 18. век имале голем ривалитет. Од тогаш до денес ривалството е најмногу изразено преку фудбалот, во кој двата клуба се најтрофејни во Англија.
Арсенал, Челси и двата клуба од Манчестер се обединија во помошта и донациите за бегалците од Сирија. Ќе одвојуваат по едно евро од секоја продадена карта за Лигата на шампионите.
Не се изненадивме што Кристијано Роналдо, Френк Лампард и Жозе Мурињо ги има на неколку места во Гинисовата книга на рекорди. Нас не изненади Крис Смолинг таму.
Веќе којзнае која година по ред англиските Премиерлигаши потрошија повеќе од останатите европски лиги за трансфери. Двата тима од Манчестер и екипата на Њукасл се издвоија по трошоците а Арсенал како по обичај не се расфрлаше со пари.
Мексиканецот Хавиер Ернандез Чичарито вчера стана фудбалер на Баер Леверкузен кој за него на Ман. Јунајтед му плати 8,75 милиони евра. Тоа беше причина Мексиканците да навалат врз профилите на Баер.
Манчестер Јунајтед во неделата загуби 2-1 против Свонси, а црниот викенд им го продолжи веста дека на нивниот стадион имало наезда од глодари кои доаѓаат од соседниот канал.
Манчестер Сити летово на само троица играчи, Рахим Стерлинг, Николас Отаменди и Кевин де Брујне потроши неверојатни 182 милиони евра, по што Премиерлигашите ги направија првите седум најскапи трансфери летово.
Кога сте мал, а богами и стар и кога ќе го сретнете вашиот спортски идол, реакцијата на воодушевување е природна. Симпатична како на ова дете кога го здогледа Вејн Руни.
Манчестер Јунајтед го совлада Клуб Бриж со 0-4 и со вкупни 7-1 се пласираше во Лигата на шампионите. Руни постигна хет-трик, но остана во сенка на катастрофалното издание на Хавиер Ернандез Чичарито кој најпрвин промаши пенал, а потоа и колосална шанса.
Тоа што Фердинанд и Видиќ ги нема повеќе на Олд Трафорд, не ја ремети одбранбената линија на Црвените ѓаволи која е најсигурна од ноември минатата година. Јунајтед со Крис Смолинг и Дели Блинд како стопери во последните 9 месеци има примено 23 голови, а новата сезона во Премиер лигата ја почнаа со две победи без примен гол.
Навивачите на Челси ги изнервиравме, а сега се на ред оние на Манчестер Јунајтед кои примија 5 гола од Лестер, 6 од Манчестер Сити и за тренер по Фергусон го имаа Мојс.
Бастијан Шванштајгер и Радамел Фалкао се двете најзвучни имиња кои ја засилија Премиер лигата. Челси и Манчестер Сити, а можеби и Јунајтед ќе го имаат главниот збор сезонава, додека кај Арсенал секогаш постои желба за титула. Најмалку пари штедеше Ливерпул.
Интервјуто е пред 12 години, кога Кристијано Роналдо пристигна на Олд Трафорд и не стоеше така добро со англискиот. Во одговорот не успеа да му помогне ниту Гери Невил. По 12 години работите се многу поинакви за него.
Иако беше заборавен неколку децении по смртта, по серијата текстови и документарци, се враќа сеќавањето на Патрик О'Конел, човекот што ја сочува Барселона од режимот на Франко, а на Бетис му ја донесе првата и единствена титула.
Ферги заработил 5,5 милиони евра за 12 месеци откако се повлече од Јунајтед и од фудбалот. Заработува од издавачките куќи, од улогата амбасадор на Манчестер и од јавните настапи по светот.
Тренери од ваков тип постојат, еве не сме знаеле. Но им требало долго време за да влезат во светот на спортот. Тоа дека не е препорачливо секс пред натпревар немало везе, исто како и старата теорија дека требало да се спие по 8 часа.
Откако Рома одби неверојатни 25 милиони евра од Милан за младиот стопер Алесио Ромањоли (21), тренерот на Росонерите Михајловиќ изјави дека не може јагоди да вредат колку остриги. Дали навистина е така?