На една недела до ултра важниот меч за Италијанците во битката за пласман на Мундијалот во Катар, италијанските медиуми почнаа да го претставуваат противникот со најава дека не сме било кои.
Строгите протоколи за пандемијата, во моментов го ставаат под знак прашалник местото на одигрување на мечот од квалификациите за Мундијалот во Катар. Според сегашната ситуација, нашите фудбалери не би можеле да влезат на чизмата.
Само два месеци по она славно реми против Англија во Саутемптон, избраниците на Никола Илиевски Џиџи одиграа уште еден нерешен резултат. Ама малку се памети, бидејќи не е официјален.
Во седиштето на УЕФА во Нион беше одреден распоредот на натпревари за новото издание од Лига на нации за сезоната 2022/2023. Во јуни месец за секои три дена натпревар.
Средбата вредна финале во бараж за Светско е закажана за 24 март, најверојатно во Рим, но нашето пријателче кое редовно ни праќа јаки видеа со македонска спортска содржина, веќе скоцка убава најава. Ја грмнал македонската химна на Олимпико. Морници. Едвај чекаме.
Не дека за смеење е работава, нормално дека сакавме полесна ждрепка, ама па Пикси го слушнавте што кажа „Што Португалците крилја да не имаат“? Па ајде и ние со таков став, баш како соседите и објавата на нивната најпопуларна Фејсбук страна за нас.
На радоста на головите на Македонија им нема крај. Порано гол не можевме да дадеме, а сега тие станаа рутина и вредат историја. Најслатко е кога ќе фатиш некој со телефон, како овој на Елмас против Исланд за 2:1, за делириум во друштво, на трибина и на цел стадион.
Во архивата на македонската фудбалска репрезентација се забележани и два дуели против моќната Португалија, доскорешен европски шампион, гигант на светскиот фудбал. Со нив сме играле во 2003-та и во 2012-та. И се надеваме пред Светско нема да се гледаме.
Со одигрувањето на последното коло во групите Д, Е и Г, конечно ја имаме целата разврска од овој неизвесен, возбудлив и за нас историски квалификациски мундијалски циклус.
Почнаа со „Земјо македонска“ во соблекувална, па продолжија со „Земјо македонска“ во кафана. Атмосферата на Инстаграм на кратко ја пренесе Дамјан Шишковски, а од фотографии на социјалните мрежи налетавме на Елиф Елмас, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов. На здравје момци.
Само една година откако го завери историското учество на ЕП, македонската фудбалска репрезентација покажа дека може уште и се доближи на 180 минути до Катар 2022. Браво момци, ова се најуспешните мундијалски квалификации од осамостојувањето.
Феноменален старт на Македонија во последното квалификациско коло за Мундијалот во Катар, која тргна веднаш на јуриш кон голот на Исланд. Уште во првиот бран офанзива, Трајковски му подари мајсторска асистенција на Џани Алиоски, а овој реагираше како врвен голгетер за делириум на трибините.
Само ден после феноменалната петарда против Ерменија, календарот вели време е за потсетување на нашата најголема фудбалска радост во историјата. Успех за кој мечтаевме три децении и неостварен сон на многу генерации кој стана реалност.
Македонската фудбалска репрезентација вечерва добива уште поголема причина за да биде посреќна за триумфот над Ерменија, кој сега станува многу повреден, откако Романија не успеа да го совлада Исланд.
16 октомври, 2002-ра. Најавна шпица од дневникот на МТВ и потоа имаш ова: Шаќири, Шаќири и гоооол, гооооооооооол, води репрезентацијата на Македонија. Каков резантен удар, ова беше вистинска уметност.
Македонската фудбалска репрезентација ја загуби втората позиција во групата, бидејќи освен синоќешниот пораз, не се поклопи ниту посакуваниот нерешен резултат меѓу Романија и Ерменија. Романците победија и си го отворија патот до баражот. За нас сега стана потешко.
Македонската фудбалска репрезентација немаше сили за уште една сензација против една од најмоќните селекции во светот. Германците се одмаздија за неочекуваниот пораз на првиот дуел и го заверија пласманот на Мундијалот во Катар.
И покрај лошите временски услови, македонската фудбалска репрезентација има целосна поддршка од трибините. Националната арена е исполнена до половина, колку што дозволуваат протоколите. Уживајте во воведот на првото гостување на поранешниот светски и европски првак во Скопје.
За гостувањето против Македонија, РТЛ пристигна во Скопје со шест шлепери техничка опрема, 110 луѓе персонал, а нa ќошот меѓу Северна и Источна трибина направија импровизирано студио во кое се појави германската легенда Лотар Матеус, во својство на стручен коментатор.