Таг: ливерпул

4 сезони, 3 европски финалиња - господин Јирген Клоп

Генерацијата фудбалери на Ливерпул што ја предводи Јирген Клоп дефинитивно стана историска и ќе се памети уште долго. Германскиот стручњак од година во година прави неверојатни нешта со „црвените“.

Одличен коментар на Мурињо за овој Ливерпул

Специјалниот знае да се занесува пред камери, да не се смее, ама кога ќе реши да е сериозен дава одлична стручна анализа. Муабетов за подвигот на Ливерпул му е едноставен, ама ептен на место. Од збор до збор е во право.

Каква коинциденција, Ливерпул во исти минути дал голови и во Истанбул

Чудото кое фудбалерите на Ливерпул го направија во таа 2005-та година кога на полувреме губеа 0-3 од Милан, во второ израмнија 3-3 и на крај славеа на пенали, ден-денес останува еден од најголемите пресврти во историјата. А верувале или не, синоќа Вајналдум двата гола ги даде во 54’ и 56’ минута, буквално во исто време кога и Џерард и Шмицер во Истанбул против Италијанците.

Фото на денот

По ланскиот кошмар во Рим кога Рома ги прегази со 3:0 и надомести негатива од 4-1, никој жив навивач на Барселона не верувал дека на реваншот со Ливерпул може да ги снајде потоп. При 4:0 во финишот, Меси стоеше во неверица што се случи.

Дури и железниот Милнер заплака

Еден од најголемите борци во англискиот фудбал, репрезентативец и неверојатен фајтер Џејмс Милнер синоќа не можеше да ги додржи емоциите и се расплака како мало дете. Легенда.

Така типично од расипаниот Суарез

Ветуваше неколку часа пред мечот дека ако даде гол нема да се радува на „Енфилд“ каде играше со години и го сакаа како свој. Изјави како многу му е мило што се враќа на местото каде се прослави и уште многу дрн-дрн јариња. А како се однесуваше на „Камп Ноу“ каде глумеше, иритираше и вршеше притисок за жолти картони на противниците, таков беше и на „Енфилд Роуд“.

Срамотилаци е да примиш ваков гол од корнер во ЛШ

Барселона вечерва не само што имаше блекаут и во само две минути во 54-та и 56-та прими два гола, туку при резултат со кој ќе се играа продолженија се посрамоти во одбрана со никаква организација и концентрација. 20 годишниот Александар Арнолд ги испозаеба за сите пари.

Ливерпул не си нормален што направи

Сè што вечерва не очекувавте дека може да и се случи на Барселона, фудбалерите на Ливерпул успеаа да го изрежираат. Во фудбалот не постојат чуда, туку лудачки пресврти. Барса - Ливерпул 3:0. Ливерпул - Барса 4:0. Два меча се, тоа е тоа.

Поделете два трофеи во Премиер лига

Манчестер Сити и Ливерпул се толку јаки и ефикасни сезонава, што навистина ќе биде некако нефер што едниот нема да може да освои титула. На овие две екипи толку добро им оди што стигнаа до еден историски рекорд до сега невиден во 120 години прволигашки фудбал на островот.

Дриблинг на месецот во Премиер

Со гол во 86' минута Ливерпул едвај успеа да го победи Њукасл со 2-3 и да освои драгоцени 3 бода во неверојатната борба за титулата со Манчестер Сити. А потегот на мечот го имаше домашниот фудбалер Ајозе Перез кој ги изремети Фабињо и Ловрен.

Не се испуштаат вакви шанси во полуфинале

Возбудливото полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул според сериозноста на шансите не требаше да заврши 3:0. Ќе си земеме за право да кажеме дека Салах и Дембеле се посрамотија во финишот. Ливерпул можеше да брка 2 гола негатива, ама и 4.

Чудесија од гол на Меси, Барселона го прегази Ливерпул

Шпанскиот шампион Барселона е на чекор од големото финале во Лига на шампиони, откако вечерва на „Камп Ноу“ му одржа лекција по фудбал на Ливерпул. Боженствен гол на La Pulga од 30 метри.

Дечки да се загреевме бе a?

По историскиот рекорд на Саутемптон во Премиер лигата и фудбалерите на Ливерпул немаат осет кога судијата ќе свирне почеток на натпреварот. Синоќа го шинаа Хадерсфилд 5:0, а првиот гол го постигнаа за 15 секунди преку Кеита кој постави клупски рекорд на најбрз гол.

Луда голеада, Тотенхем и Ливерпул во полуфинале!

Реваншот меѓу Манчестер Сити и Тотенхем донесе незапамтена драма. После 21 минута резултатот беше 3-2, а на крајот вкупно 7 гола и пласман на Хотспур во големото полуфинале. Ливерпул до врв ја наполни мрежата на Порто.

Ти го каниш во студио за фудбал, тој мисли на слава е дојден

Мохамед Салах во неделата го торпедираше Челси со голчиште за конечни 2:0 во англиското дерби. Стивен Мекманаман и Јан Рајт имаа адекватна реакција за јакиот гол и останаа со отворени усти. Легендарниот ирски голман Шеј Гивен мува не го лазеше за голот. Уште некое домашно винце му фалеше.

Сити и Ливерпул - кој со кого до крајот на шампионската трка?

Уште од 2012-та година и епскиот гол на Серхио Агуеро против КПР во 95’ минута за титула на Манчестер Сити, сезоната во Премиер лигата не била вака енигматична. Како стојат работите, Ливерпул и Сити ќе се борат со последна секунда за вредниот трофеј.

Тотенхем го доби англиското дерби, Ливерпул со фина предност

Првата четвртфинална битка во Лига на шампиони помина со скромни 3 гола. Фудбалерите на Тотенхем обезбедија минимална победа пред реваншот во Манчестер. Ливерпул ќе биде нешто покомотен бидејќи стигна до резултат кој му ветува ново полуфинале.

Дебакл на Баерн и Лион, четвртфиналисти се Ливерпул и Барселона

Откако ги искаравме дека не клаваат голови и играа досадни 0:0 и тоа на двете средби, ете ги се отворија на реваншите. Вкупно 10 гола на вечерашните две средби. Баерн се соочи со елиминација во Минхен, а Барса му се истури на Лион.

Јуве и ПСЖ се да речеме веќе шампиони, а веројатно и Барса

Манчестер Сити му бега на Ливерпул еден бод, а Баерн и Борусија се на исто. Само тука може и треба да се очекува пеколна неизвесност до крај. Во Шпанија Барселона полека ита кон титулата, а во Италија и Франција тие што се втори џабе везат.

Дете што собира топки го иритираше Клоп

Големото градско дерби завршува 0-0, тренерот на Ливерпул Клоп тргнува кон соблекувалната, кога едно дете почнува иронично да му аплаудира во лице. Германецот сфати дека малиот го зафркава па тргна накај него по објаснување.

Тролачко фото на денот

Имаме четири екипи од Премиер лига и телефони кои биле ин во времето кога станале шампиони. Тотенхем најмногу го изеде и го јаде уште.

Наежување на Енфилд, YNWA ја надгласа химната на ЛШ

Пред почетокот на дербито во ЛШ меѓу Ливерпул и Баерн Минхен (0:0), „црвените“ од КОП ја почнаа, а целиот стадион ја заори химната You''ll Never Walk Alone. Ја надјачаа онаа стандардната на Лига на шампиони.

Англичанец бил да ја гледа Ливерпул – Баерн во Минхен

По синоќешното прво осминафинале меѓу двата гиганти кои одиграа без голови, се појави една искрена и пијана душа која си призна дека отпатувал во Германија за меч кој Ливерпул го играше дома. Па има ли појако?