Мистичната табла во тунелот на Енфилд која го чува Ливерпул

На прв муабет мислиш дека е многу голема и дека се гледа од секаде, но не е баш така. А домашните фудбалери обично мислат дека им носи среќа, иако Клоп им забранил да ја допираат додека не освојат нешто. Само Хендо смее.

„Енфилд е најжестокиот стадион во Европа. Тоа е единствено место каде ти не би сакал да играш. Таму има посебна атмосфера“, еднаш Арсен Венгер ја објаснил природата на успехот на Ливерпул не само со фудбал.

Согласен е и Жозе Мурињо:

„Енфилд е волшебно место, прекрасен стадион. Тоа треба да го признаат и луѓето кои не го сакаат овој клуб. Од сите места каде што сум бил, таму е една од најдобрите фудбалски атмосфери. На тој стадион може да паднат голови кои на друго место не би паднале, како на пример во 2005-та. Тогаш голот не го даде Гарсија, туку трибините (Мурињо потсетил на мечот кога прими гол со Челси во полуфиналето на ЛШ во култната сезона 2004/2005). Енфилд може да прави чуда. Таа победа е поголема од чудо“, рекол Мурињо.

Секој навивач макар еднаш во животот видел фотографија или во живо го видел коридорот под трибините на Енфилд Роуд каде во крупен кадар се играчите, судиите и дечињата кои излегуваат на терен. На пат кон теренот се гледа една табла која виси над преминот. На неа пишува: This is Anfield.

ТАБЛИЧКАТА Е ИДЕЈА НА ГОЛЕМИОТ ШЕНКЛИ ЗА ДА ГИ ПЛАШИ РИВАЛИТЕ

Легендарната табличка првпат се појавила на „Енфилд Роуд“ во 1974 година кога тренер на тимот бил легендарниот Бил Шенкли кој барал таа да се стави пред влезот на терен.

„Тоа беше еден вид заплашување. Таблицата требаше да ги потсеќа нашите играчи, за кого играат, а противниците против кого треба да играат“, објаснил Шенкли.

Кени Даглиш раскажал како првпат ја видел табличката во 1977 година. „Во вторникот вечерта ние иравме со Њукасл. За нив играше дечко по име Томи Крејг. Заедно игравме со него во школо во Глазгов, а потоа во шкотски екипи кога имавме по 15 години. Излеговме од соблекувална, се симнавме по скалите и дојдовме до табличката This is Anfield. Му кажав: „Ова треба да ве исплаши“. Он ми рече: „Да, изгледа“.

После излеговме на терен, а во второ полувреме јас дадов гол. Од тој ден таа табличка ми стана посебна“.

Таблата која што ја поставил Шенкли, стоела таму 24 години, а во 1998-ма година ја смениле за нова која што по ништо не се разликувала од старата. Но во 2012 година новиот тренер на Ливерпул, Брендан Роџерс настојувал да се врати старата оригинална варијанта.

„Кога доаѓаш во нов клуб, не заборавај никогаш за минатото, грижи се за сегашноста и мисли на иднината. Решив дека таа табличка е олицетворение на тоа што го претставува Ливерпул низ годините.

Лично за мене тоа е симбол на стариот “Енфилд“. Да, ние живееме денес во друго време, но сметам дека е многу важно да ја помниме својата историја, а таа табличка е голем дел од историјата. Нејзиното враќање е голем чекор на патот на враќање на славните традиции на „Енфилд“, рекол Роџерс кој го водеше Селтик па од скоро е тренер на Лестер.

ЗАБРАНАТА НА КЛОП И ЕДЕН ИСКЛУЧОК

Новајлиите во Ливерпул треба да ја допрат табличката за време на првата посета на „Енфилд“ и тоа стана традиција и добар пример. Неколку играчи го допираа за време на излегување на терен, денес тоа го прави само капитенот Џордан Хендерсон. Веројатно тоа е поврзано со Клоп.

Германецот по доаѓањето во клубот им забранил на играчите да ја допираат и тапкаат табличката: „Побарав да не ја допираат This is Anfield, додека нешто не освојат. Тоа е знак на уважување“.

Судејќи по трофеите, забраната наскоро би можела да истече по финалето на Лига на шампиони каде Ливерпул се пласираше магично по неверојатниот триумф од 4:0 против Барселона.

А Хендерсон смее да ја допира затоа што, сметаат навивачите, тој е единствен играч од актуелниот состав кој претходно освоил трофеј со клубот (Лига Куп во 2012). „Еднаш ја потапшав табличката кога дојдов тука со Борусија Дортмунд па изгубивме 5:0. Мислам дека ќе почнам да ја допирам само кога ќе освојуваме нешто“, се насмеал Клоп во една пригода.

И ПРОТИВНИЧКИ ИГРАЧИ ЈА ДОПИРААТ

Играчите на другите клубови знаат за познатата таблица. Дрис Мертенс од Наполи еднаш кога дошол на „Енфилд“ како играч на холандски Утрехт во 2010-та, рекол дека натписот не го затекнал.

„Кога стигнавме, сите зборуваа за таа табличка па помислив дека е нешто големо. Поминав низ подтрибинскиот простор, ништо не приметив и прашав каде е таа табличка. Ми кажаа дека веќе сум ја одминал. Кога излеговме во второ полувреме, ја здогледав и помислив: „И што е толку посебна“?

Можеби најлегендарна фотографија откако е поставена таблата This is Anfield е онаа со Стивен Џерард кога последен пат го допре натписот како капитен на Ливерпул.