Вечерва се игра најголемото дерби на англискиот фудбал, Ливерпул против Манчестер Јунајтед. Двата најтрофејни англиски клубови имаат голема традиција на меѓусебни средби, а една епизода од 1980-та ќе остане запаметена засекогаш.
Ако не го следите француското првенство, ќе ве изненади изгледот на табелата: После осум кола лидер не е ПСЖ, ниту Монако ниту Лион, туку Ница која што неодамна ја купи една група американско-кинески инвеститори. Лидери се благодарение на Балотели.
Во согласност со нивната (не)активност на трансфер пазарот, The Sun направи рапсодија од тоа како навивачите на најголемите премиерлигашки клубови на шанк нарачуваат пиво.
На 20 септември 2006. година, пред точно една деценија, тогашниот фудбалер на Ливерпул Чаби Алонсо го постигна еден од најлудите голови во клупската историја на „Црвените“. На меч од Премиерлигата против Њукасл, Шпанецот со шут од својата половина го матираше гостинскиот голман.
Поранешниот идол на навивачите на Енфилд Роуд отворено зборуваше за предозирањето со лекарства против болки (анти-инфламаторни лекови) кога медицинските лица едвај го спасиле на теренот во 2015-та година.
Бен Вудборн е роден во старото градче Татенхол недалеку од Честер на 15. октомври 1999 година. Како јуниор преминал во Ливерпул и се запишал во школото Раинхил коешто е база на академијата на Црвените.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Ливерпул и Јувентус во Франција на Европското ќе имаат по 12 фудбалери, а главниот град на Исланд е рекордер со 15 репрезентативци. Милан со никогаш помалку репрезентативци во последните 30 години.
Пенал сериите во финалињата од Лигата на шампионите знаат да извадат интересни потези на голманите кои решаваат да останат на средина на голот, но веројатно никој немал храброст во таков важен момент да прави мајтап како Брус Гробелар. Голманот од Зимбабве кој 13 години го носеше дресот на Ливерпул имаше среќа што пеналџиите беа слаби.
Тажната серија на загубени финални средби на харизматичниот Клоп синоќа доби нова епизода. Германецот во досегашната тренерска кариера играше пет финалиња во различни натпреварувања, но ниеднаш не го крена пехарот. Да почнеме со ред.
Навивачите на Ливерпул и Севиља ја искористија неспремноста на полицијата и редарите во Базел и се судрија на трибините пред почетокот на финалето на Лига Европа. Тепачки имало и надвор од стадионот.
Сент Јакоб Парк е домаќин на 45-то финале во второто по ранг клупско европско натпреварување. Навивачите на Ливерпул не можеа да додржат до 20:45 и веќе почнаа со забава. Ливерпул атакута по четврти трофеј во Лига Европа кој последен пат го освои пред 15 години, а Севиља по петти и трети во низа.
Ќе успее ли Јирген Клоп да ја прецрта фразата на Гари Линекер кој изјави дека „Лига Европа е натпреварување во кое учествуваат 56 тима, а на крајот секогаш победува Севиља?“ Или Шпанците ќе стигнат до петтиот трофеј, а трет по ред во ЛЕ?
Ливерпул ќе добие само 10.000 влезници за финалето на Лига Европа против Севиља во Базел, што е далеку од побарувачката за карти со која овој клуб се соочува. Клоп ѝ тера инеат на УЕФА и ги вика сите без карти да дојдат.
Даниел Стариџ беше еден од стрелците на вчерашниот триумф на црвените против Виљареал, вреден финале во Лига Европа. По мечот го повикаа на допинг тест, но другарчињата не го почекаа за славје.
Тимот на Јирген Клоп го збриша Виљареал со 3:0 за пласман во нивното четвртфинале во Лигата на Европа. Силите ќе ги одмерат со бранителот на титулата кој го држи тронот две години по ред и кој ќе се бори за петти пехар во ова натпреварување.
Фудбалерите на Шахтјор и Севиља одиграа возбудливо реми во првиот полуфинален меч од Лигата на Европа на кој бранителот на титулата се спаси од пораз со пенал на 8 минути до крајот. На Ел Мадригал Виљареал во финишот му го отежни реваншот на Ливерпул.
УЕФА соопшти дека одбранбениот фудбалер на Ливерпул, Мамаду Сако е под истрага поради тоа што паднал на анти-допинг тестови после мечот против Манчестер во Лига Европа.
„Во првите седум кола истрчавте 114 км во просек. Ако до крајот трчате 118 км, ќе добиете плус четири дена одмор“, е еден од методите со кој Клоп ги мотивирал шампионите во Дортмунд. Претходно во Мајнц ги носел играчите на пиво после гостувањата.
Навивачите на Ливерпул одамна не уживаа на едно дерби против Евертон како вчера. Со 4 прекрасни гола го испратија комшискиот состав, а во еден момент непрестано го диригираа славеничкото „оле“!
15 април 1989 година е најцрниот ден за британскиот фудбал. Оваа трагедијата која зема 96 животи (сите навивачи на Ливерпул) на полуфиналниот натпревар од ФА Купот помеѓу Ливерпул и Нотингем Форест на стадионот Хилсборо во Шефилд, секоја година се одбележува во чест на жртвите.
Навивачите на Енфилд вчера гледаа нова драма во режија на Ливерпул кој од невозможното (1-3), направи возможно (4-3). Тоа било причина еден навивач да го крсти новородениот син Дејан по херојот на Црвените.