Тренерот на Дортмунд, Јирген Клоп на прес конференцијата пред мечот во Лондон изјави дека неговиот тим ќе игра растеретено, затоа што веќе се пласираше во следната фаза, а има многу повредени фудбалери. На Арсенал му треба бод за да оди понатаму.
Челси со петарда во Гелзенкирхен го завери осминафиналето, а шанси за таму се уште има и Манчестер Сити благодарение на пресвртот на Агуеро кој блесна со хет трик против Германците. Три пати на Кипар стрелаше и новиот владетелот во ЛШ, Лионел Меси.
Вечерва се игра петтото, претпоследно коло од групната фаза во Лигата на шампионите по што ќе се знае кој оди понатаму, кој продолжува во ЛЕ, а кој ќе игра само домашно првенство. Агим Ибраими веројатно ќе биде на клупата за резерви.
Италијанскиот клуб на својот веб сајт објави дека Валтер Мацари е отпуштен, а на негово место доаѓа нивниот поранешен тренер кои потоа ги водеше Манчестер Сити и Галатасарај. Се огласи и Валтер Ѕенга, противкандидатот за клупата.
Манчестер Сити доби шлаканица пред своја публика од ЦСКА Москва, Азард промаши пенал за триумф, а Меси со два гола го реши Ајакс и го стигна Раул на вечната листа во ЛШ. Осминафинале обезбедија Баерн, ПСЖ, Барселона и Порто.
По дебаклот 1:7 пред 2 недели на Олимпико, Рома сега треба да се појави на реванш против Баерн во Минхен. Во Марибор, Ибраими ќе треба да се потруди да му го заборават промашениот пенал од Стемфорд бриџ.
Фаворитска вечер на отворањето на 4 коло од Лигата на шампионите. Славеа Реал Мадрид, Базел, Атлетико Мадрид, Јувентус, Дортмунд, Леверкузен и Бенфика. Реми на Емирати меѓу Арсенал и Андерлехт.
Во Реал Мадрид продефилираа 15 тренери и 5 претседатели, а за Ла Децима се чекаше 12 години. Сето ова од играчкиот кадар го издржа само Икер Касиљас кој годинава атакува на четвртиот пехар во најелитното клупско европско натпреварување.
Кралевите имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања, а Ливерпул е притиснат од Базел и Лудогорец. Галатасарај сака да се офајди во Дортмунд кој има 5 порази по ред во Бундеслигата.
Во Лигата на шампионите вечерва немаше толку голови, а ноќта ја одбележaа Реал Мадрид и Дортмунд со убедливи победи на гости против Ливерпул и Галатасарај. Шампионот на Италија загуби во Пиреја, а Арсенал направи пресврт на крајот во Белгија.
Најпознатата мелодија во европскиот фудбал се роди пред 22 години, а инспирацијата за неа доаѓа од свечената ода за монархиското крунисување „Свештеникот Садок".
Вчерашното отворање на третото коло во ЛШ, ќе остане запаметено како најефикасно во историјата на ова натпреварување, со 40 гола на 8 натпревари. Покрај дерби дуелите на Енфилд и во Истанбул, вечерва Арсенал му гостува на Андерлехт, а Јувентус на Олимпијакос.
Откако Баерн Минхен ги размонтира среде Олимпико, поразот од 1:7 претставува најлош за еден италијански клуб на домашен терен во историјата. Досегашниот рекорд го држеше Интер по убедливиот пораз од Арсенал на Меаца.
Третото коло од ЛШ донесе седмици во Рим и во Борисов, каде Баерн и Шахтјор се поигруваа со противниците. Агим Ибраими промаши пенал во убедливиот пораз на Марибор против Челси, а во натпревар со 7 гола, Шалке го победи Спортинг со гол од пенал во судиското продолжение.
Лигата на шампионите продолжува вечерва со натпреварите од третото коло, а мечот на вечерта ќе се игра на Олимпико во „вечниот град". Манчестер Сити во студената Москва пред празни трибини, ПСЖ на Кипар, Барселона против Ајакс во пресрет на Ел класико следниот викенд.
Третото коло од Лигата на шампионите кое стартува утре носи дерби пресметка меѓу германскиот првак и италијанскиот вицешампион. На Олимпико се враќаат Бенатиа и Гврадиола.
Фудбалерот кој се споредува со Мухамед Али во претходните 13 години неуспешно се обидуваше да ја освои Лигата на шампиони. Денес слави 33 години како капитен на Пари Сен Жермен. Има уште фора.
Тоа што не си дел од најелитното клупско европско друштво има и добра страна. Ќе го одмориш тимот, ќе се спремаш повеќе тактички и нема да имаш стрес во сред недела. Јувентус и Рома имаат такво искуство.
Навивачите на Галатасарај и Борусија Дортмунд ѝ тераат инает на УЕФА. И едните и другите направија бакљада на натпреварите од Лигата на шампионите, настап што скапо ќе ги чини по казните што им се спремаат во Цирих.
Второто коло од групната фаза во ЛШ се затвори со помалку голови од првата вечер. Триумфи остварија Баер Леверкузен, Арсенал, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Малме, Дортмунд и Базел. Порано вечерва, Зенит и Монако ремизираа.