Потекнуваат од градче колку Кичево, имаат стадион колку Тумбе кафе, летово потрошија за засилувањата 114 пати помалку од Ливерпул, а вечерва ќе дебитираат во Лигата на шампионите на Енфилд Роуд. За пласманот во групната фаза бугарскиот тим ќе земе 8,6 милиони евра.
Стартува групната фаза од големиот фудбалски празник во кој ќе гледаме двајца наши играчи. Турската авантура во најелитното клупско европско натпреварување вечерва пред своите навивачи ќе ја започне Горан Пандев во Истанбул.
По нерешените 1:1 во Словенија, екипата на Марибор ќе брка втор пласман во елитата. Со ист резултатот по првите плејоф мечеви БАТЕ Борисов и Апоел ги пречекуваат Слован Братислава и Алборг. Порто и Зенит со минимална предност имаат нешто покомотни реванши со Лил и Стандарт.
Со голот на Игуаин, фудбалерите на Наполи се спасија од пораз во плеј-оф мечот за Лигата на шампионите. Предност на првите средби на домашен терен обезбедија екипите на Салцбург и Стеауа Букурешт. Во Турција немаше голови, а во Данска паднаа пет за едно полувреме.
Двајцата наши единствени претставници во Лигата на шампиони добија тешки противници во плеј-оф фазата од најквалитетното клупско европско натпреварување.
По кусата авантура во Серија А каде беше на позајмица во тимот на Каљари, Агим Ибраими го однесе Марибор во четвртото квалификациско коло од Лигата на шампионите. По триумфот над Макаби Тел Авив од 1:0, македонскиот репрезентативец постигна два гола на реваншот во Израел каде мечот заврши 2:2.
Во екот на летниот трансфер период, најголемите европски екипи кои ќе ги гледаме во новата сезона од најквалитетното клупско европско натпреварување, ги засилуваат и освежуваат своите тимови. „Кралевите“ со помош на новите имиња силно ќе атакуваат на одбрана на трофејот.
Рекордерот по освоени титули во Лигата на шампионите мораше многу да чека, да менува, но најмногу да купува за да стигне до јубилејната 10-ка. Двајцата претседатели Флорентино Перез и Рамон Калдерон таа ги чинеше 1,1 милијарда евра за засилувања.
Викендов целото внимание на љубителите на фудбалот беше насочено кон Лисабон, а финалето на Лигата на шампиони беше магнет и за кладилничарите и типстерите кои ги урнаа сите рекорди во вложувања, но и загуби.
На денешен ден во 1999-та година се одигра финалето на Лигата на шампиони со една од најдраматичните завршници во историјата на фудбалот по која Манчестер Јунајтед го победи Баерн Минхен со два гола во судиското продолжение.
Само 120 секудни го делеа Атлетико Мадрид од титулата, но Рамос израмни во 93-та минута, а по продолженијата Реал Мадрид славеше со 4:1 и ја освои својата десетта европска титула.
Финалистите во најелитното клупско европско натпреварување патуваа осум месеци и одиграа по 12 натпревари за да го заверат најпосакуваниот билет. Ова ќе биде прва мадридска пресметка во завршницата, 13-то финале за фудбалерите на Реал Мадрид и само второ за Атлетико.
Лигата на шампионите не е џабе кажано дека е најелитно и највозбудливо клупско европско натпреварување. Ќе ви ги вратиме спомените во 90-те кога финалињата ги красеа јунаците Савичевиќ, Бобан, Куман, Шерингам, Солскјер, Клајверт, Југовиќ...
Анчелоти и Симеоне како играчи ги командуваа средните редови на големи градски непријатели, а судбината сакаше фудбалското ривалство да ги спротистави и во финалето од Лигата на шампиони.
За нешто повеќе од 24 часа „Кралевите“ ќе го играат еден од најважните мечеви во својата историја, финалето од ЛШ. Најпосакуваниот трофеј го бркаат веќе 12 години, а за предводник до јубилејната 10-та го имаат најдобриот играч на светот.
Прво правило за секое машко при одбирање на термин за свадба е да се избегне саботата кога се игра финалето од Лигата на шампиони. Но има и такви папучари кои подлегнуваат под притисокот на невестата или едноставно го забораваат правилото и не го проверуваат календарот. Го имаме решението за „жртвите“ меѓу гостите.
Цената на влезниците за финалето на Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид достигнуваат луди цени, па една Шпанка понуди секс во замена за карта.
Диего Симеоне продолжува да ги шокира европските гиганти. По елиминацијата на Барселона, фудбалерите на Атлетико Мадрид го декласираа и тимот на Мурињо среде Лондон со 3:1, а тоа им носи голема шпанска битка во финалниот меч на 24 мај.
Стратегот на Ливерпул, Брендон Роџерс го обвини Мурињо дека на „Енфилд Роуд“ паркирал два автобуси во одбраната. Со иста ситуација се соочија и фудбалерите на Атлетико Мадрид кои за разлика од Ливерпул не примија ниту еден гол. Вториот патник во финалето ќе се одлучува вечерва по оние 0:0 во Шпанија.
Баерн Минхен ја продолжи црната традиција на актуелните освојувачи на Лигата на шампиони која трае уште од формирањето на натпреварувањето. Ако следиме уште една традиција, тогаш вечер сите пари треба да ги ставиме на Атлетико Мадрид.