Ибраими на Селтик Парк ќе брка деби во ЛШ

По нерешените 1:1 во Словенија, екипата на Марибор ќе брка втор пласман во елитата. Со ист резултатот по првите плејоф мечеви БАТЕ Борисов и Апоел ги пречекуваат Слован Братислава и Алборг. Порто и Зенит со минимална предност имаат нешто покомотни реванши со Лил и Стандарт.

- Фудбалерите на Марибор само еднаш имаат обезбеден пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, а тоа се случи во сезона 1999/2000. Минатата сезона во плејофот беа елиминирани од Викторија Плзен, а претходно од Динамо Загреб.

- Шкотланѓаните имаат далеку поголемо реноме со осум учества во фазата по групи. Во претходната сезона се пласираа со триумф во оваа фаза против Шахтер Караганда, а една сезона пред тоа го елиминираа Хелсинборг. Последен пат беа спречени да влезат во групите во 2009/2010 кога не ја минаа пречката Арсенал.

- Словенците на патот од најелитното клупско европско натпреварување имаа шкотски противник во 2001/2002 кога во второто квалификациско коло беа елиминирани од Глазгов Ренџерс со вкупен резултат од 6:1.

- Нивниот вкупен биланс против против екипи од Шкотска е 3 победи, едно реми и два порази.

- Капитенот на Марибор, Бразилецот Маркос Таварес неодамна стана шестиот играч во кој стигнал до 300 настапи во клубот.

- Нашиот репрезентативец Агим Ибраими беше еден од најзаслужните за пласманот на Марибор во оваа фаза, откако му даде два гола на Макаби Тел Авив на реванш средбата во третото квалификациско коло која заврши 2:2.

Реванш плејоф средби за Лига на шампиони:

Селтик - Марибор (1:1)
Порто - Лил (1:0)
АПОЕЛ - Алборг (1:1)
БАТЕ Борисов - Слован Братислава (1:1) 
Зенит - Стандарт (1:0) 

26 август 2014 - 12:44