Фудбалерите на Лил многу поемотивно го прославија пласманот во Лигата на шампионите, отколку Пари Сен Жермен титулата во францускиот фудбал. Браво момци, заслуживте елитен фудбал следната сезона.
ПСЖ вечерва гостуваше кај Анжер и славеше со 1-2. Нејмар освен што даде еден гол, направи и неколку потези на теренот што долго ќе се верглаат по хајлајтс видеа.
Месец мај е возбудлив за гледање фудбал пред сè поради финишот во Лига на шампиони, ама чекај да видите каква битка се води за следна сезона. Пазете дури 21 екипа се борат за само 7 празни места во топ 5 лигите кои водат во елитата.
Вест на неделата беше големиот пожар кој ја зафати најпознатата светска катедрала на Пресвета Богородица во Париз. Зданието многу настрада, па голем број луѓе учествуваат во собирање средства за возобновување.
Рен одигра 3-3 на гости кај Анжер, а Бен Арфа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите техничари во последните 100 години. Даде два гола, од кои едниот беше после лионелмесиевска акција.
Расизмот е толку осетлива тема, што нема ден а да не се појави вест како некој идиот навредил некој црнец поради бојата на кожата. Особено во последниве денови по стадионите во Англија и Италија.
Некој пресадува коса, некој прави разни естетски интервенции, а еден познат фудбалер во Франција решил да пресадува брада на места каде што не му растела. И се зезнал.
Само што дојде на крајот од јануарскиот преоден рок во Марсеј, Марио Балотели покажа зошто важеше за најголем светски талент во Интер, Милан, Манчестер Сити.
Олимпик Марсеј ја заживеа кариерата на Марио Балотели, а Италијанецот го врати клубот на победнички патеки: 4 гола на 6 меча откако дојде од Ница. Синоќа постигна преубав гол против Сент Етјен а го прослави уште пофраерски.
Напален копиљ се спрема да дебитира пред своите навивачи. Тренерот уште толку го остри на 15 минути пред крај: „Влези и покажи од што си скован“. Идиотот влегува во игра и во последните секунди кога е готово, прави нешто што ќе уништи две кариери.
Во стилот на Анри на времето против Р. Ирска „ако проџе-проџе“, Килијан Мбапе даде гол со рака и проба да се прави наудрен. Со сите квалитети што ги докажа на теренот и заслужено беше избран за најдобар млад играч на светот, Мбапе мора да пази и на човечките квалитети. Моментот од мечот ПСЖ - Ним не му требаше.
Пари Сен Жермен јуриша кон титулата во Франција. Синоќа со 5-1 го прегази Монпеље а стрелец на еден преубав гол беше Анхел Ди Марија и тоа при резултат 1-1 пред крајот од првиот дел.
Во англиската Лига 1 (трета лига), синоќа играа Портсмут и Бристол Роверс. При резултат 1-1, шпицот на гостите Џонсон Кларк-Херис ја опна топката над облакодерите во близина на стадионот. Интересно голот за Бристол претходно го даде токму Кларк-Херис од пенал ама пропушти да им донесе победа.
Иако би рекле дека брани против послаби противници, ако Лион и Лил може да се дефинираат како слаби противници, 41-годишниот Џанлуиџи Буфон има статистика подобра дури и во некои негови одлични сезони во минатото. Како е можно и како се мотивира на таа возраст?
Додека најдобриот млад напаѓач на светот Килијан Мбапе ја отвори вратата на ПСЖ за четвртфиналето во ЛШ, клубот во исто време во академијата донесе уште еден Килијан Мбапе.
Важат за ноторни левичари. Блиски се со навивачите на Ливорно и АЕК Атина, исто така крајни левичари во своите земји. Различноста на нивната трибина (црни, бели, жолти) и културни разлики ги спојува само едно: љубовта кон клубот кој во 1992/93 стана европски шампион.
Сè на стадионот „Стад де Божуар“ синоќа беше во чест и спомен на исчезнатиот аргентински фудбалер за кого плачеа сите на стадионот - играчи, тренери, управа, навивачи, редари.
На 19 јануари во меч од Лига 1, ПСЖ со неверојатни 9-0 го прегази последнопласираниот Генгам. После мечот, на твитер сметката на Генгам напишаа „Подобро еднаш да изгубиш 9-0 отколку девет пати по 1-0.“
Во слободно време сакал да гледа филмови со Че Гевара, да го чита Коељо, да учи за фенг-шуи и да ја осознава африканската култура од која потекнувал голем дел од неговите соиграчи.
На денешен ден, 11 јануари 2009 година еден од најталентираните фудбалери во францускиот фудбал кого претходно во Милан повредите го спречија да покаже што знае, го постигна голот на кариерата.
Валсал и Лутон имаа доста драматичен финиш во 94-та минута во која гостите стигнаа до 2:2. Тие се втори, а му израмнија на 15-то пласираниот во првенствен меч од третата англиска лига, така што не гледаме причина зошто до волку одлепија со се навивачи.
По одличното искуство со репрезентацијата на Белгија каде му беше помошник на селекторот Мартинез, Анри реши да тргне самостојно и да води клуб како главен тренер. Ама не се станува тренер баш така лесно.
Синоќа во Франција играа Монпеље и Лил. Гостите славеа 0-1 иако во 80’ минута Монпеље можеше да израмни на неферски начин. Откако домашните навивачи го гаѓале голманот на гостите Мајк Маињан со кеса кикирики, овој ја исфрлил топката во аут за да се пожали кај судијата. Ама овие си ја изведоа ко ништо да не било па Маињан мораше да спасува чист гол.