Таг: холандија

Пенал серијата кобна за Холандија

По 120 минутна бледа фудбалска претстава фудбалерите на Аргентина благодарение на двете одбрани на Ромеро обезбедија пласман во финалето на Мундијалот во Бразил за кое сонуваат уште од времето на Марадона во 1990 година.

Крул ги прочита сите пенали на Костарика

Херојот на Холандија кој 120 минути дремеше на клупа, а потоа незагреан влезе на терен и го реши четвртфиналето, успеа да ги прочита сите пет пенали од кои одбрани два. Но ритуалот му почнува пред да почне да се фрла.

Резервистот на Ван Гал херој во пенал рулетот

Селекцијата на Холандија е последниот полуфиналист на мундијалската фудбалска претстава во Бразил. Луи ван Гал направи голманска измена во 120 минута, а нововлезениот чувар на голот на „Лалињата“ Тим Крул одбрани два пенали за елиминација на Костарика.

Голманот на Холандија e мамина маза

Чуварот на голот на Ајакс иако живее на само неколку минути од тренинг базата на клубот, задолжително се јавува дома за да каже дена стигнал жив и здрав. Еден негов репрезентативен колега кој живее во стан, на девојка му и донел дома коњ.

Холандија со пеколен пресврт се спаси од елиминација

Фудбалерите на Мексико пропуштија златна шанса да се најдат во најдобрата осумка на Мундијалот во Бразил. Водството кое го имаа се до 88 минута, „Лалињата“ успеаа да го анулираат во самиот крај за само четири минути.

Холандија со триумф го потврди осминафиналето

Составот на Луи ван Гал е првата селекција на Мундијалот во Бразил која со максимални три победи ќе патува во посакуваната нокаут фаза. Светскиот шампион не ги излечи раните со убедливата победа против Австралија.

„Лалињата“ со многу маки до трите бода

Фудбалерите на Холандија се првата селекција која стигна до втора победа на Мундијалот и која со една нога е во осминафиналето. Австралија покажа заби на овој меч и беше многу потежок противник за тимот на Ван Гал за разлика од Светскиот шампион.

Чиле триумфално против Австралија

Алексис Санчес и Хорхе Валдивија се запишаа во историјата на Светските првенства откако во 12 и 14 минута му донесеа водство на својот тим кој славеше со 3:1 во синоќешниот трет меч од вториот мундијалски ден.

Новото откритие на холандскиот фудбал

Иако Ајакс е еден од клубовите со најдобра стратегија за создавање на млади таленти, новото освежување за „Лалињата" доаѓа од Феенорд, кој сезонава доби брзо актрактивно крило. Жан Пол Боетиус има само 18 години, а пред една недела беше двоен стрелец на гостувањето против Нец.

Проблемот со името

Не, не тој проблем, туку сосема друг. И како ретко кога не е проблемот со Македонија, туку со Холандија. За што се работи? Како прво и прво, не постои држава што се вика Холандија. Барем не би требало да постои.

Олимпијада по цена на семестар

50 холандски студенти се казнети што ја пропуштиле јунската испитна сесија - затоа што се квалификувале на Олимпијадата во Лондон.