Боетиус потекнува од фудбалската академија на Феенорд во која е дел уште од 6 годишна возраст. Додека се калеше во младинските лиги во Холандија, тој паралелно ги мина и сите селекции на „Љалињата", а пред само 5 дена доби повик и во поширокиот список во сениорскиот состав на Холандија со само 18 години.
Тренерот на Феенорд Роналд Куман постојано ги следеше неговите настапи, а оваа сезона му даде шанса да дебитира во големото дерби против Ајакс, кое Боетиус го искористи на најдобар можен начин со дебитантски погодок.
Жан Пол Боетиус е познат по својата брзина и дриблинг, а опасен и во голгетерската улога. За разлика од останатите таленти на негова возраст, тој има одлична прегледност на играта и секогаш ги носи вистинските решенија откако ќе ја прими топката.
Селекторот на Холандија Берт ван Марвијк за него рече дека е најдобриот крилен напаѓач во холандското првенство. Инаку Боетиус му е братучед на фудбалерот на Милан, Емануелсон кој моментално настапува како позајмен играч на Фулам.